Вести
-
Македонија 22.05.2017 17:36
Груевски: Целта на СЈО е уништување на ВМРО-ДПМНЕ
Случаите покренати од страна на СЈО значи се темелат на невистини и манипулации и имаат за цел политички прогон за раководството на партијата и мое лично, а со цел да се сврти вниманието на јавноста од актуелните случувања во политиката, изјави Никола Груевски кој денеска изврши увид на новат -
Македонија 22.05.2017 17:28
Преговори за распределба на ресори
Претседателот на СДСМ Зоран Заев попладнево, пред средбата со лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во Тетово, изјави дека денеска или утре ќе почнат разговорите за ресорите и имињата во новиот владин тим.
-
Македонија 22.05.2017 17:22
Продолжи седницата за прислушуваните материјали
Пренесувајќи им ги искуствата од европската пракса на колегите од Врховен суд, поранешната судијка во судот во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска им предочила дека прислушуваните разговори може да служат како доказ во судските постапки.
-
Македонија 22.05.2017 17:12
Расте бројот на заболени од рак на кожа
Најсмртоносниот рак на кожата – меланом е во постојан пораст. Годишно се евидентираат и по 200-те нови случаи, кај 30-тина од нив болеста се открива во напредна фаза.
-
Македонија 22.05.2017 16:59
Села, Туфегџиќ и Тунтев сведочеа за собраниските настани
Во Јавното обвинителство продолжи сведочењето на пратеници за собраниските настани од 27-ми април. Зијадин Села изјави дека на тој ден е извршен атентат врз политичките барања на Албанците.
-
Економија 22.05.2017 16:44
Слаб интерес за органско производство, расте свеста за здрава храна
Слаб е интересот за органско производство во Македонија. Само 0,6 насто од земјоделските површини се под вакви насади, 530- тина фармери се занимаваат со одгледување здрава храна. Според надлежните, најголем проблем е пласманот, извозот е речиси незначителен.
-
Македонија 22.05.2017 14:45
Метео: Променливо облачно и нестабилно време
Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови.
Можни се и поинтензивни процеси на места во форма на невреме со појава на град.
-
Култура 22.05.2017 14:30
Трет фестивал за музички документарци „Скопје Синема Сити“ од 15-ти до 19-ти јуни
Од 15-ти до 19-ти јуни во Кинотеката на Македонија ќе се одржува третиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, кој го организира граѓанското здружение Номад-Арт во соработка со Кинотеката.
-
Свет 22.05.2017 14:26
Столтенберг: Жал ми е што се расправаат Германија и Турција
Во интервју за германски „Билд“, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја критикува владата во Берлин поради најавата дека размислува да ги повлече своите војници од базата Инџирлик, со што би биле деактивирани и преместени и авионите кои ги поддржуваат операциите на меѓународната коалици
-
Економија 22.05.2017 14:21
Просечната нето плата во март 22.445 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесувала 22.445 денари и е за 1,8 отсто повисока воп однос на март лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.







