Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува граѓаните да направат увид во избирачкиот список, и доколку е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.
Вести
-
Македонија 12.05.2017 12:41
-
Свет 12.05.2017 12:39
Доналд Трамп тврди дека тој не е под истрага
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој не е под истрага, повикувајќи се на признанието што му го дал сега веќе сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми.
-
Македонија 12.05.2017 12:20
Заев: Очекувам Иванов во уставниот рок да го довери мандатот
Очекувам Иванов во уставниот рок од 10 дена да го довери мандатот за нова влада. Се усогласуваат гаранциите за зачувување на унитарноста на Македонија и тие ќе бидат доставени на транспарентен начин, вели лидерот на СДСМ, Заев.
-
Македонија 12.05.2017 12:09
Џафери на средба со амбасадори на земјите членки на ЕУ
Претседателот на Собранието Талат Џафери претпладнево во законодавниот дом има средба со 16 амбасадори на земјите членки на Европската унија.
-
Свет 12.05.2017 12:07
Две експлозии во центарот на Рим, нема повредени
Две силни експлозии одекнале во центарот на Рим, во кои нема повредени лица. Според досегашните информации, оштетен бил еден автомобил.
Британски „Иденпендент“ јавува дека експлозијата се случила пред пошта, а локалните медиуми наведуваат дека станува збор за „писмо бомба“.
-
Македонија 12.05.2017 10:47
„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Според нив, меѓународната заедница промовира вредности кои и самата не ги почитува.
-
Македонија 12.05.2017 10:45
СДСМ: Иванов веднаш да го даде мандатот
Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев, велат од СДСМ.
-
Македонија 12.05.2017 10:43
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС во спрега со криминално- мафијашки структури
Зоран Заев и СДС се во спрега со криминално- мафијашките структури од Македонија и регионот. Медиумите во неколку наврати излегоа со фотографии меѓу Зоран Заев и други високи функционери на СДС со наркодилери и други криминалци, соопштуваат од Вмро-Дпмне.
-
Македонија 12.05.2017 10:39
Заев на распит во Јавното обвинителство како сведок за собраниските настани
Лидерот на СДСМ и пратеник Зоран Заев, дојде на распит во Јавното обвинителство за собраниските настани од 27-ми април, како сведок и оштетен.
Според најавите, во обвинителството треба да се појават уште пет пратеници. Деновиве исказ како сведок даде и пратеникот од ДУИ, Артан Груби.
-
Свет 12.05.2017 10:30
Кондолиза Рајс: САД повторно треба да се вратат на светската сцена
Соединетите Американски Држави треба активно да интервернираат во светот, оценува поранешната американска државна секретарка и советничка на претседателот Џорџ Буш, Кондолиза Рајс.










