Попладне продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Од иницијативата велат дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.
Попладне продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Од иницијативата велат дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.
Несериозноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов ја оставија Македонија пет месеци без влада, а од денеска граѓаните се оставени и без градоначалници и советници, велат од СДСМ.
СДС секој ден со својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ, покажува дека не се грижи за граѓаните, туку само да дојде на власт по секоја цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Битолскиот Народен театар се подготува за петтата премиера годинава. „Дон Жуан“ од Молиер е најновата премиера на Битолскиот Народен театар, претстава која за прв пат се поставува на оваа сцена, во режија на Андреј Цветановски.
Според синоптичарите од денеска ќе почне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста. Од попладневните часови, претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел победија на регионалните избори во сојузната покраина Северна Рајна – Вестфалија. Конзервативците добија 33 отсто од гласовите, а Социјалдеморкатите 31,2 проценти.
За млекарите и за живинарите денеска е последниот ден за поднесување барања за субвенции за предаденото млеко и за купени несилки.
Финансиската поддршка е за откупено овчо, козјо и кравјо млеко и за набавени несилки во живинарските фарми од октомври до декември 2016 година.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во 10 часот закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии, за датумот за локалните избори.
Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.
Втората полуфинална вечер на најголемиот музички избор на светот „Изборот за песна на Евровизија“ во Киев, донесе радост и разочарување.