Граѓаните растрчани низ пазарите, денеска ги правеа последните подготовки за празничната трпеза. Иако се жалат оти има и солени цени, сепак, зависно од џебот, од сè по нешто ќе има на масата.
Известува Марина Стојанова-Тонева
Граѓаните растрчани низ пазарите, денеска ги правеа последните подготовки за празничната трпеза. Иако се жалат оти има и солени цени, сепак, зависно од џебот, од сè по нешто ќе има на масата.
Известува Марина Стојанова-Тонева
Годинава во 80 градови во Mакедонија, како и во дијаспората организирани Бадникови поворки. Илјадници дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ го најавија големиот христијански празник Божиќ. Централната манифестација беше во Скопје.
Известува Викторија Милевска
Денеска е Бадник, утре Божиќ. Православните христијани од Македонија празнуваат, го чекаат рождеството Христово. Во храмовите литургии. Бадник е денот за духовна подготовка за пресветлиот христијански празник, Божик.
Протестите поради економската состојба во Иран продолжуваат. Активистите тврдат дека во судирите што избувнаа на 28 декември, досега загинале најмалку 19 демонстранти, а стотици се уапсени.
„Имаше гранатирање значи многу јако, некако се спасивме. Не си свесен што гледаш, само гледаш да спасиш жива глава. Имаме отидено од зорт, немам, од кај да обезбедам за три сина тука?“, раскажува за Македонската телевизија кумановецот Бобан Младеновски.
Војната во Украина продолжува со несмалено темпо. Русија го нападна Харков и Днепар, оштетена енергетска инфраструктура и американска земјоделска компанија.
Со видео надзор Охрид ќе го решава проблемот со дивите депонии. Ќе бидат поставени 30 видеокамери на критични локации низ градот, со цел да се детектираат и санкционираат несовесните граѓани.
Соборениот венецуелски лидер се изјасни за невин пред судот во Менхетен по обвиненијата за наркотероризам, корупција и трговија со оружје. Одбраната ја стави под прашање законитоста на начинот на кој поранешниот претседател беше приведен и префрлен во САД.
Во организација на Здружението „Бадникови поворки“ денеска ќе се одржи Бадниковата манифестација во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и Соединетите Американски Држави.
Дојдоа коледарчињата, затропаа на врата, ја испеаја коледарската песна. Добија костенчиња, оревчиња, овошје, паричка и благослов. Да се живи, здрави, да ја продолжат традицијата во навестувањето на Христовото раѓање-Божиќ.