Стабилна е состојбата со поплавите во државата. Водостојот на реките се намалува. Од Центарот за управување со кризи регистрираат излевања на неколку локации ширум државата, но поголеми штети нема. Екипите на терен активно работат на расчистувањето.
Вести
-
Македонија 20.11.2025 16:40
-
Македонија 20.11.2025 16:26
Инспектори и раководители од УЈП и Пазарниот инспекторат под лупа на истражителите
Инспектори и раководители од УЈП и Пазарниот инспекторат од утрово се под лупа на истражителите. Уапсени се единаесетмина. Се проверува дали потфрлиле во проверките на дискотеката „Пулс“. Според првичните информации со предистрагата се опфатени и лица на раководни функции.
-
Македонија 20.11.2025 16:07
Промени на протоколите за операции на срце, најави Алиу
Нема да им бидат потребни повеќе од три недели на лекарите од странство да ги разгледаат документите и да го дадат своето мислење за десетте досиеја за неосновано направени кардиоваскуларни интервенции, коишто ги детектираше интерната комисија, којашто ја формираше министерот за здравство.
-
Македонија 20.11.2025 15:41
Уставниот суд поведува постапка против линеарното зголемување на пензиите
Уставниот суд поведува постапка против линеарното зголемување на пензиите. Се оспорува членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од јули, годинава.
-
Македонија 20.11.2025 14:57
ИЈЗ: Зголемен бројот на тинејџери кои пушат електронски цигари, потребни се измени во законот
За четири години, за 10% се зголемил бројот на тинејџери кои пушат електронски цигари – потребни се итни промени во законот, алармира Институтот за јавно здравје. Лесно се достапни, а различни вкусови и бои кај младите оставаат впечаток дека се безбедни.
-
Македонија 20.11.2025 14:23
Мисајловски: Со меѓусебна соработка и меѓусебна поддршка можеме да придонесеме за сигурен, стабилен и безбеден регион
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 ноември) се обрати на промоцијата на регионалната платформа за соработка помеѓу националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина за земјите од регионот каде што истакна дека „хуманоста и човечноста се нашите водилки за побезбедно оп
-
Свет 20.11.2025 14:06
Рубио: Окончувањето на војната во Украина бара тешки, но неопходни отстапки од двете страни
Во Украина владее силна вознемиреност по пристигнувањето на американска делегација на разговори со Зеленски за ставање крај на војната, во време на протечени извештаи за нов мировен план од 28 точки на САД, тајно преговаран со Русија, кој наводно предвидува територијални отстапки од Киев.
-
Македонија 20.11.2025 13:33
ЦУК: Екипите на терен, состојбата со поплавите стабилна
Обилните врнежи предизвикаа проблеми низ државата, активирани екипите на регионалните центри за управување со кризи на повеќе критични точки. Во Старо Нагоричане се излеа реката Пчиња. Потешкотии забележани и во регионите на Битола, Охрид, Кичево.
-
Македонија 20.11.2025 13:31
Реформи за владеење на правото
И покрај оценката дека има ограничен напредок во владеењето на правото, од Министерството за правда велат сработиле клучни закони што ќе придонесат за независно и ефикасно судство. Од канцеларијата на ЕУ во земјава потсетување дека правдата мора да биде достапна за сите граѓани. -
Македонија 20.11.2025 13:21
Рочиште за случајот „Онкологија 2“
Судењето за „Онкологија 2“ започна од почеток поради промена на поротник. Обвинети во случајот се поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи.
Анита Димитријевска-Велковска го следеше денешното рочиште во Кривичниот суд.










