Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи 11-то продолжение на конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Вести
-
Македонија 11.04.2017 08:15
-
Економија 10.04.2017 16:33
Странски инвеститори: Дефицит од стручни кадри, потребни се реформи во образованието
Странските компании не можат да најдат стручен кадар. Анкетата на Советот покажала дека 40 компании со странски капитал во земјава не можат да најдат работници и да пополнат 2.000 работни места. Најголема потреба има за луѓе кои работат на машини, за механичари, леари.
-
Македонија 10.04.2017 16:21
Конститутивна седница: СДСМ за спикер, ВМРО-ДПМНЕ за деловник
Десетти ден конститутивна собраниска седница. Социјал-демократите инсистираат да се гласа за претседател на Собранието.
-
Македонија 10.04.2017 16:05
Метео: Сончево време со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.
Попладне ќе настапи локално наоблачување проследено со услови за слаб дожд повеќе на планинските предели и на некои повисоки места.
-
Економија 10.04.2017 15:54
Берзи: Регионалната платформа за тргување дава резултат
Над 70 брокери и преставници од 7 пазари и од 8 берзи во регионот, во Белград на 2-та Конференција на СЕЕ Линк разговараа за зголемување на соработката и на трговијата преку поттикнување на конекцијата меѓу берзите.
-
Македонија 10.04.2017 15:43
Последен ден од Саемот на книга: Најбарани бестселерите и автобиографиите
Штандовите полни, граѓаните ја користат последната можност да купат добра книга. Вака беше на последниот ден од 29-то издание на Меѓународниот Саем на книгата во Скопје. Издавачите задоволни од посетеноста. Велат- македонците сакаат да читаат различни жанрови.
-
Македонија 10.04.2017 15:36
25 години Артилеријски баталјон во Прилепската касарна
Пред точно 25 години со указ на претседателот и врховен командант, токму во прилепската касарна е формиран вториот мешовит артилеријски полк како прва артилеријска единица на АРМ. Секоја година сеобучуваа 4 генерации регрути, а три години фунционираше и школата за резервни офицери.
-
Македонија 10.04.2017 15:30
Студентите се вселуваат во реновираниот Блок А од „Гоце Делчев“
Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ почнаа да се вселуваат во обновениот Блок А. Нов мебел, нови прозoрци, лифт, парно - подобри услови за школување.
-
Свет 10.04.2017 15:11
Џонсон: Потребни се нови санкции за Русија
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон смета дека би требало да се воведат нови санкции за Русија, доколку Москва не ја повлече поддршката за сирискиот претседател Башар Ал Асад.
-
Македонија 10.04.2017 15:07
Ново продолжение на конститутивната седница
Во Собранието, продолжи конститутивната седница. На дневен ред е предлогот за состав на Комисијата за избори и именувања. Реплики за Тиранската платформа, процедурални забелешки– кој е патриот, а кој предавник. Ова беа главните пораки од салата во Закодавниот дом.










