„Говорна мана“ е приказна која се одвива во театар, во гримиорната на еден актер, кој е на крајот од својата кариера. Тој ги затвора очите пред општествената и политичката реалност сѐ дури околностите не го натераат на спротивното.
Вести
-
Култура 13.03.2017 15:53
-
Македонија 13.03.2017 15:47
„За заедничка Македонија“ со протести во 31 град
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ одржува протести во 31 град. Организаторите велат дека остануваат на своите барања, објаснуваат дека се противат на обидите на мала врата да се отвори дебата за промена на идентитетот.
-
Економија 13.03.2017 15:35
Како до безбедно и навремено снабдување на економијата со стоки и енергенси?
Македонската економија мора да обезбеди непречено функционирање на Кородорот 10, како и слободен пристап до Солунското пристаниште, доколку сака нормално да работат компаниите и да обезбеди раст на економијата во услови на незавршен Коридор 8.
-
Македонија 13.03.2017 15:19
ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од платформата од Тирана
Крајно време е Заев да покаже барем малку државност и чувство на припадност кон сопствениот народ, да смогне сили и да и каже не на платформата од Тирана, како и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обврзе да не ја реализира Тиранската платформа, порачува преку ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 13.03.2017 15:13
СДСМ: Консултации за претседател на Собранието
Неделава се очекуваат консултациите за избор на претседател на македонскиот Законодавен дом, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
-
Македонија 13.03.2017 14:43
Државната фитосанитарна лабораторија набави инструмент за брза анализа на квалитетот на виното
Домашните, но и винариите од регионот отсега можат да направат целосна анализа на виното во Државната фитосанитарна лабораторија.
-
Македонија 13.03.2017 14:29
Боледувањето на судијката го одложи рочиштето за случајот „Тврдина 2“
Две решенија со кои се декласифицираат поголем број докази издал министерот за внатрешни работи Нухиу, постапувајќи по барањето на Специјалното обвинителство за случајот „Тврдина 2“.
-
Македонија 13.03.2017 14:14
Метео: Облачно и ветровито
Променливото облачно и ветровито време со услови за повремен слаб дожд и снег на планините, но и на некои повисоки места продолжува и утре.
Утринските температури на места ќе бидат негативни, а макисималната дневна ќе достигне до 14 степени.
-
Македонија 13.03.2017 14:08
„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
Продолжуваат протестите за унитарност на државата. Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавуваат протести во 30-тина градови во земјава.
Вчера во повеќе градови се одржаа велосипедски трки на коишто велосипедистите симболично застанаа зад оваа иницијатива.
-
Свет 13.03.2017 13:48
Шкотска најави втор референдум за независност
Шкотската премиерка Никола Старџен најави план за распишување на втор референдум за независност меѓу есента во 2018 година и пролетта следната година.
Во Единбург, Старџен додаде дека на народот мора да му се понуди избор меѓу Брегзит и независна држава.









