Премиерот Мицкоски во работна посета на Кочани, каде што се отвора нова градинка. Инвестициите и реформите приоритет и за оваа година.
Славица Величковска известува.
Премиерот Мицкоски во работна посета на Кочани, каде што се отвора нова градинка. Инвестициите и реформите приоритет и за оваа година.
Славица Величковска известува.
Почина двегодишното дете кое беше повредено на новогодишната ноќ и во тешка состојба беше хоспитализирано со метално парче во главата. Основното јавно обвинителство нареди обдукција на телото на детето.
Руските сили извршија еден од најинтензивните напади со беспилотни летала врз Запорожје, при што беа погодени станбени згради и комерцијални објекти. Киев возврати со напад во руската област Белгород.
Од памтивека, комедиите се најпосетуваните претстави. До ден денес е копнежот по причината за доброто расположение и смеата.
Очекуваниот животен век во земјава лани се зголемил за една година и изнесува 76,6 години, но Македонија и натаму се соочува со негативен природен прираст, покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник 2025“ на Државниот завод за статистика.
Најмалку 5 лица загинаа, десетици се повредени и уапсени, откако демонстрантите кои веќе пет дена протестираат во Иран поради влошената економска состојба, почнале да фрлаат камења и палат возила, додека властите тврдат дека биле вклучени и вооружени групи.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Утрово почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ. Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во посета на Општина Кочани, каде што ќе присуствува на отворањето на новата детска градинка.
Станува збор за објектот „Детелинки“, кој функционира во состав на Јавната општинска установа за деца „Павлина Велјанова“.
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава е во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, информира Тони Димовски од Синдикалната организација на машиновозачи.