Во тек е акција за пронаоѓање исчезнат планинар на Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, информира ЦУК.
Лицето телефонски било достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен.
Во тек е акција за пронаоѓање исчезнат планинар на Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, информира ЦУК.
Лицето телефонски било достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен.
Забрзано работиме на исполнување на 10 од 12 чекори од реформската агенда што треба да се случи, најдоцна до првата половина на годинава, информира премиерот Мицкоски. Свесно не се дозволува либерализација на пазарот со електрична енергија за да се спречи драстично поскапување на струјата.
Венецуелскиот претседател Мадуро е тргнат од власт-објави американскиот претседател Трамп, откако САД извршија серија воздушни напади врз Венецуела, вклучувајќи го и нејзиниот главен град Каракас.
Новата година ни дојде, ама на многумина старите маки им останаа. Едни поради безработица, други со слабо здравје, децении се мачат за гола егзистенција. И на минусните температури го пречекаа комбето кое дели топол оброк.
Сепаратистите поддржани од Обединетите Арапски Емирати започнаа со повлекување на своите воени единици од јужен Јемен по ултиматумот на јеменската влада и притисокот од Саудиска Арабија.
Еден месец пред крајниот рок, откупот на тутунот заврши. Десетте компании до Нова година презедоа преку 23.100 тони по речиси 420 денари за килограм.
По празниците откупувачите ќе ги преземат и останатите околу 1.500 тони со што ќе се заокружи реколтата.
Истрагата за трагедијата во швајцарското одморалиште Кран Монтана се заострува. По пожарот и експлозијата во барот „Le Constellation“, во која загинаа 40 лица, обвинителството води истрага за убиство од небрежност.
Со австриско искуство и поддршка во Општина Босилово ќе се формира доброволна единица која ќе интервенира при елементарни непогоди.
По месеци тензии и меѓусебни обвинувања, САД извршија воздушни напади врз Венецуела, вклучувајќи го и нејзиниот главен град Каракас и воените објекти. Жителите сведочат за серија експлозии и ниски прелети на авиони, по што делови од градот останале без струја. Погодено и главното пристаниште.
Клучен состанок на „Коалицијата на подготвените“ во Киев, меѓу нив и новиот шеф на кабинетот на Зеленски, Кирил Буданов заедно со воените претставници на западните сојузници.
Главна тема е финализирање на „Борбениот план 2026“.