Република Македонија веќе две и пол години минува низ длабока политичка криза. Под покровителство на ЕУ и на САД се постигна договорот од Пржино за организирање предвремени парламентарни избори и формирање влада која најпрво ќе се фокусира на итните реформски приоритети.
Вести
-
Македонија 07.03.2017 14:49
-
Македонија 07.03.2017 14:43
Метео: Врнежи и пад на температурите
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе облачно време со врнежи од дожд и снег на планините.
Пообилни врнежи се очекуваат во западните и јужните делови каде на места ќе наврне и над 30 литри на метар квадратен.
Можна е и појава на ретки грмежи во југоисточните региони.
-
Македонија 07.03.2017 14:41
СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола
И СДСМ најостро го осудува инцидентот во Битола, во кој се фрлени молотови коктели кон Музејот на албанската азбука.
-
Свет 07.03.2017 14:30
Бура „Зевс“: Две жртви во невремето на француското крајбрежје
Двајца возачи загинаа во силната бура „Зевс“ на француското крајбрежје. Врз нивните автомобили паднале дрва кои биле откорнати од ветрот со брзина од 193 км/ч. 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
-
Култура 07.03.2017 14:16
Промоција на евровизиската песна на Јана Бурческа на 10-ти март
Евровизиската песна со којашто Јана Бурческа ќе ја претстави Македонија на 62-тото издание на Изборот на Песна за Евровизија, во мај во Киев ќе биде официјално промовирана со видео запис во емисијата Стисни Плеј на МТВ на 10-ти март (петок) со почеток во 20 часот и 15 минути.
-
Свет 07.03.2017 14:07
Почна распоредувањето на американскиот систем за противракетна одбрана во Јужна Кореја
Во Јужна Кореја американски војници почнаа да распоредуваат систем за противракетна одбрана. Советот за безбедност на ОН закажа вонредна седница на барање на Јапонија и САД во врска со најновите ракетни проби на Северна Кореја.
-
Македонија 07.03.2017 13:59
ВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот да биде изолиран и осуден
ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот, во кој беа искршени стаклата на објектот на Музејот на албанската азбука во Битола. Овој настан е изолиран и мора да биде осуден од страна на сите, со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба.
-
Македонија 07.03.2017 13:56
Министерство за култура: Остра осуда за инцидентот во Битола
Министерството за култура остро го осудува уништувањето на надворешноста на националната установа „Музеј на албанската азбука“ во Битола, каде што е претставен дел од културната историја на албанскиот народ во Република Македнонија.
-
Економија 07.03.2017 13:24
Поднесени 215.656 годишни даночни пријави до УЈП
Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителен приход, покрај плата или пензија, имаат уште една недела да го пријават во Управата за јавни приходи. Според УЈП, досега се поднесени вкупно 215.656 годишни даночни пријави, од очекуваните 216.695.
-
Економија 07.03.2017 13:17
Жените се помалку платени од мажите
Жените се помалку платени од мажите за работа на иста позиција, малубројни се во политиката и во дипломатијата, вели Савка Тодоровска, претседателката на Националниот совет за родова рамноправност.










