Вести

  • Македонија 07.03.2017 11:30

    Повремени врнежи до крајот на неделава

    До крајот на неделава се очекува серија влажни бранови, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Се очекуваат исто така и пониски температури.

    Во западните делови врнежите ќе преминат во снег. В петок врнежите се очекува да престанат.

  • Македонија 07.03.2017 11:22

    Нивото на Охридско Езеро седум сантиметри над дозволениот минимум

    Нивото на Охридското Езеро е седум сантиметри над дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР.

  • Македонија 07.03.2017 10:51

    Генералниот секретар на ОБСЕ, Заниер ќе ја посети Македонија

    Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во среда и четврток ќе ја посети Македонија.

    Според најавите, Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии.

  • Свет 07.03.2017 10:47

    САД: Привремена забранa за влез на државјани од шест блискоисточни земји

    Новата извршна наредба за забрана на влез за државјани од Сирија, Либија, Иран, Судан, Сомалија и Јемен потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп ќе важи од 16-ти март. Ирак е изземен од оваа група држави, бидејќи ирачките власти вовеле проверка на своите државјани.

  • Свет 07.03.2017 10:37

    ЕУ формира штаб за воени обуки

    ЕУ ќе формира штаб за воени обуки во мисиите кои ќе бидат централен елемент во идната европска армија. Во почетокот  ќе бидат ангажирани 30 офицери на три тековни мисии на Унијата во Демократска Република Конго, Мали и во Сомалија.

  • Македонија 07.03.2017 10:33

    Лајчак: Платформата од Тирана дополнително ги искомпликува работите

    Платформата од Тирана дополнително ги искомпликува работите. Формирањето влада е работа на домашните политичари, изјави вицепремиерот на словачка Лајчак, по средбата на Комитетот за надворешни работи на Европската унија во Брисел.

  • Македонија 07.03.2017 10:26

    Почна постапката за заштита на Охридската цреша

    Земјоделската задруга „Охридска церешна“ поднесе елаборат за добивање на географска ознака на сортата охридска цреша. Ова е прва постапка според новиот Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи.

  • Македонија 07.03.2017 08:15

    Могерини: Загрижена сум, но гледам потенцијал за решавање на кризата

    Загриженост за развојот на состојбата во нашата држава, каде политичката криза може лесно да се разгори во меѓуетнички конфликт и да се прошири во соседство, како и надеж дека истата може да се надмине ако надвладее мудроста кај релевантните политички субјекти, а државата има потенцијал и ресурси

  • Македонија 06.03.2017 16:23

    Истекува рокот за локалните избори

    Истекува рокот за распишување на локалните избори кои треба да се одржат во мај. Во регулативата стои дека од денот на распишување до денот на одржување на изборите не може да поминат повеќе од 90 ниту помалку од 70 дена, а редовен термин за одржување локални избори е првата половина на мај.

  • Култура 06.03.2017 16:16

    Вера Калин- најчитан автор во 2016-та

    По седми пат доделна наградата за најчитан автор.  Романот „Бездомникот со златен часовник“, на Верче Каранфиловска, алијас Вера Калин е најчитан во 2016 година, покажуваат податоците на библиотеките во земјава.

Pages