Резултатите од изборите, создавање коалиција и зрелоста на ситуацијата за нови парламентарни избори биле главните теми на разговорите на еврокомесарот Хан со политичките партии.
Вести
-
Македонија 10.02.2017 15:04
-
Македонија 10.02.2017 14:52
Доделени сертификатите за 33 теренски возила, донација од ЕУ
Деноноќно на границата кон Грција се македонските полицајци и војници, но и 120-те припадници на безбедносните сили од неколку земји на Унијата и од Србија. Целта е иста- запечатување на Западно- балканската рута.
-
Македонија 10.02.2017 14:47
Хан: Партиите да продолжат со преговорите за формирање Влада
Да се донесе одлука во интерес на земјата, граѓаните, европската перспектива- порака од еврокомесарот Хан по завршувањето на посетата. Вели дека Европската унија ќе стори сѐ да ѝ помогне на Македонија и на политичките лидери.
-
Свет 10.02.2017 14:12
Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи што ги одобри Парламентот минатиот месец со цел да се смени политичкиот систем на земјата.
По објавата во државниот весник, стартува 60-дневниот рок по што ќе биде организиран референдум.
-
Свет 10.02.2017 13:51
12 жртви во лизгање на земјиште на Бали
12 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето на Бали по поројните дождови. Неколку куќи се затрупани и во тек е потрага по исчезнати лица.
Селаните од погодените подрачја се евакуирани. Метеоролозите најавија врнежи и за викендот.
-
Македонија 10.02.2017 13:45
Заостанатите сметки за вода ќе се плаќаат на рати без камата
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје ги информира своите корисници дека е донесена одлука за ослободување од плаќање камата на сите оние кои имаат заостанат долг за вода. Мерката ќе важи 90 дена, а долгот може да се плати и на рати.
-
Македонија 10.02.2017 13:29
ЗНМ: Пресудата од Стразбур повлекува одговорност
Пресудата на Европскиот суд за настаните од 24-ти декември 2012-та година, кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието, е прва со која се утврдува повредата на правото на слобода на изразување и на фер судење, изјави претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Н
-
Македонија 10.02.2017 13:22
Престојот на раселените од поплавите продолжен до 1-ви април
До први април е новиот рок што им го даде Владата на семејства кои настрадаа во ланските поплави, да се иселат од студентските домови, во кои се привремено сместени.
-
Македонија 10.02.2017 13:01
33 возила за Граничната полиција и ЦУК од ЕУ
Доделени сертификатите за 33 теренски возила, донација од Европската унија, во вредност од 800 илјади евра. 31 се за потребите на Граничната полиција, а две за Центарот за управување со кризи. Целта е да се помогне во поефикасното справување со бегалската криза.
-
Економија 10.02.2017 12:43
Беслатно впишување имот во 31 катастарска општина
Само 100.000 катастарски парцели имаат запишани права на сопственост во изминативе неколку години, остануваат повеќе од 300.000. Програмата на Агенцијата за катастар за 2017-та предвидува бесплатно запишување на правото на сопственост во 31 катастарска општина.










