До први април е новиот рок што им го даде Владата на семејства кои настрадаа во ланските поплави, да се иселат од студентските домови, во кои се привремено сместени.
Вести
-
Македонија 10.02.2017 13:22
-
Македонија 10.02.2017 13:01
33 возила за Граничната полиција и ЦУК од ЕУ
Доделени сертификатите за 33 теренски возила, донација од Европската унија, во вредност од 800 илјади евра. 31 се за потребите на Граничната полиција, а две за Центарот за управување со кризи. Целта е да се помогне во поефикасното справување со бегалската криза.
-
Економија 10.02.2017 12:43
Беслатно впишување имот во 31 катастарска општина
Само 100.000 катастарски парцели имаат запишани права на сопственост во изминативе неколку години, остануваат повеќе од 300.000. Програмата на Агенцијата за катастар за 2017-та предвидува бесплатно запишување на правото на сопственост во 31 катастарска општина.
-
Македонија 10.02.2017 12:38
Затворен Евзони, два часа ќе биде затворен и Дојрани
Поради штрајкот на грчките земјоделци сеуште за сообраќај е затворен граничниот премин Евзони, а од 12 до 14 часот се очекува да биде затворен и граничниот премин Дојрани на македонско-грчката граница, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
-
Свет 10.02.2017 12:35
Две лица настрадаа во снежното невреме во САД
Две лица загинаа во снежното невреме што го парализираше североистокот на САД. Најпогодени се Њујорк, Конектикат, Роуд Ајленд, Масачусетс и Њу Џерси. Откажани се над 2.700 летови на аеродромот „Кенеди“ и уште на три аеродроми околу Големото јаболко.
-
Македонија 10.02.2017 12:32
Хан: Преговорите да продолжат- потребен е квалитет
Еврокомесарот Јоханес Хан откако ги оддржа средбите со политичкие лидери вели дека е оптимист.
-
Свет 10.02.2017 12:18
Москва: Повлекувањето на странските војници од Авганистан ќе има последици
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Путин за Авганистан, Замир Кабулов, предупреди дека повлекувањето на странските војски од Авганистан ќе има големи последици за воената состојба во државата.
-
Македонија 10.02.2017 12:09
Метео: Променливо облачно со сончеви периоди за викендот
Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Дневната температура ќе опадне за околу 2 до 3 степени.
Во текот на следната седмица се очекува постепено зголемување на дневните и опаѓање на утринските температури.
-
Македонија 10.02.2017 11:53
Груевски-Хан: ЕУ не сака да се меша во одлуките за формирање влада
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и еврокомесарот Хан разговарале за организирањето и резултатите од изборите, постизборниот период и обидите за создавање коалиција, како и за зрелоста на ситуацијата за нови парламентарни избори, коишто би се организирале заедно со локалните, велат од партиј
-
Македонија 10.02.2017 11:13
Иванов- Хан: Неопходно е што поскоро да се формира влада
Надминувањето на политичката криза е од клучно значење Република Македонија да може целосно да се посвети на европските реформи и да продолжи во остварувањето на евроинтеграциските цели, истакнал претседателот Иванов на средбата со еврокомесарот Хан.









