НАТО одобри фонд од 390 милиони долари за спроведување на планот за поддршка на авганистанските сили. Со планот е предвидено финансирање на над 37 проекти за војската, вклучувајќи ги платите, логистичката поддршка, медицинските потреби и обуките.
Вести
-
Свет 22.12.2016 11:47
-
Култура 22.12.2016 11:45
„Руска бајка“ - новогодишен концерт на МОБ на 1 јануари
Македонската опера и балет (МОБ) во недела, на 1 јануари, ќе го изведе традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот со наслов „Руска бајка“, под диригентство на Иван Еминовиќ, ќе се одржи во реновираниот Салон на Македонската опера и балет.
-
Свет 22.12.2016 11:01
Берлин: 100 илјади евра за информации за осомничениот Анис Амри
Властите во Германија понудија 100 илјади евра за информации за Тунижанецот Анис Амри, осомничен за берлинскиот напад во кој загинаа 12 лица. Во инцидентот на божиќниот пазар беа повредени 48 луѓе откако Амри со камион влета во масата народ.
-
Македонија 22.12.2016 10:59
Градот Скопје ќе ги донира средствата планирани за дочекот на Новата година
Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата 2017-та година што требаше да се одржи на плоштадот „Македонија“. Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели.
-
Македонија 22.12.2016 10:37
Министерот Јолевски на средба со поранешните министри за одбрана
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, вчера во Домот на АРМ оствари работен ручек со дел од поранешните министри за одбрана, соопштуваат од Министерството за одбрана.
-
Македонија 22.12.2016 10:31
Кампања на СВР Скопје за среќна и безбедна 2017 година
Со цел да се обезбеди безбедност и да се одржи јавниот ред и мир во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе ја реализира кампањата „Среќна и безбедна 2017 година - во семејно и пријателско дружење“.
-
Македонија 22.12.2016 10:26
Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Иран, Јапонија, Мароко и Буркина Фасо
Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прими акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Исламската Република Иран, Јапонија, Кралството Мароко и Буркина Фасо за Република Македонија.
-
Македонија 22.12.2016 10:12
Студено утро, над нулата само во Дојран
Студено утро со температура под нулата во целата земја, освен во Дојран каде што се измерени 2 целзиусови степена. Минус 9 во Берово, минус 8 во Тетово.
Во Битола, Штип, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија минус 7. Во Скопје минус 6. Во Гевгелија беше минус 3 изутрината.
-
Свет 22.12.2016 10:10
Продолжува евакуацијата во Алепо
Продолжува евакуацијата од последната енклава под контрола на бунтовничките сили во источно Алепо откако процесот беше прекинат поради процедурални причини, тврдат невладините активсти и провладини медиуми.
-
Економија 22.12.2016 10:06
Субвенции за професионални земјоделци
Вкупно 10 милиони денари се обезбедени за младите и за професионалните земјоделци.
Доколку фармерот е до 40 години, ќе добие плус 10, а 5 проценти ќе добијат правните лица како земјоделско стопанство.









