Либиски авион Ербас 320 со 118 патници и членови на екипажот е киднапиран и присилно слетал во Малта. Двајцата киднапери се заканиле дека ќе активираат бомба. На терен се пратени тимови за брза интервенција.
Вести
-
Свет 23.12.2016 13:14
-
Свет 23.12.2016 12:49
Путин: Не ме обвинувајте за поразот на Демократите
Маратонската серија на прашања и одговори е ретка можност за медиумите да разговараат директно со шефот на руската држава на различни теми. Поради минатонеделните настани, во фокусот надворешната политика.
-
Свет 23.12.2016 12:23
Австралиската полиција уапси петмина за планирање терористички напад во Мелбурн
И австралиската полиција уапси петмина за планирање терористички напад во центарот на Мелбурн за време на божикните празници. Четворица од приведените се по потекло од Либан, а родени во Австралија, а петтиот е од Египет.
-
Свет 23.12.2016 12:04
Осомничениот напаѓач од Берлин убиен во престрелка во Милано
Полицијата во Милано го уби тунижанецот Анис Амри, осомничен за нападот на Божикниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 цивили. Италијанските полицајци биле на рутинска патрола кога го забележале лицето. Отпечатоците на прстите се совпаднале со осомничениот за берлинскиот напад.
-
Македонија 23.12.2016 11:21
РСБСП: Внимателно во сообраќајот за новогодишните празници
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на новогодишните празници ги поттикнува и ги повикува сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата во сообраќајот.
-
Македонија 23.12.2016 11:11
Прегласување во Теарце: Од полноќ изборен молк
Од вечер на полноќ до недела до 19 часот е изборен молк во пресрет на повторувањето на гласањето во недела во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените паралемнтарни избори.
-
Свет 23.12.2016 11:04
Годишна прес- конференција на Путин, акредитирани 1.400 новинари
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи традиционалната годишна прес-конференција за која се акредитирани над 1.400 новинари од целиот свет.
Настанот беше презакажан поради погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, убиен во Анкара.
-
Свет 23.12.2016 10:51
Браќа од Косово уапсени во Германија поради план за напад за Божикните празници
Двајца браќа од Косово се уапсени во Германија поради план за терористички напад. Агенцијата за внатрешно разузнавање соопшти дека е зголемен бројот на салафисти во земјата.
-
Свет 23.12.2016 10:35
Алепо слави, сириската војска презеде контрола
Жителите на Алепо прославуваа откако владините сили објавија дека си заминала и последната група бунтовници од источниот дел на вториот по големина град во Сирија.
-
Економија 23.12.2016 10:28
Синдикатот на „Југохром“ бара да се повлече одлуката за исклучување на комбинатот
Синдикалната организација на „Југохром“ од Јегуновце денеска ќе предаде ургентно писмо до второстепената владина комисија, со кое се бара позитивно да одговори на жалбата против како што велат, неоправданото исклучување од работа на комбинатот.







