Едно лице загина, а двајца се поврдени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 40 минути по полно на автопатот Велес - Скопје пред населбата Отовица.
Вести
-
Македонија 20.12.2016 12:15
-
Свет 20.12.2016 12:11
Меркел: Тешко ќе прифатиме ако напаѓачот е азилант
Во своето прво обраќање по вчерашниот терористички напад во центарот на Берлин, во кој загинаа 12 луѓе, а 48 беа повредени, германската канцеларка Ангела Меркел видно вознемирена порача дека ако се потврди дека напаѓачот добил заштита во Германија, тоа ќе биде тешко прифатено од сите во земјата.
-
Култура 20.12.2016 11:32
Славниот виолинист Џулијан Рахлин на Божикен концерт со Македонската филхармонија
На 7 јануари, по повод еден од најголемите христијански празници Божик, во Македонската опера и балет во 12:30 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Божикен концерт на кој како солист, но и како диригент, ќе се претстави светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин.
-
Македонија 20.12.2016 11:28
Утре почнува зимата
Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне утре во 11 часот 44 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото.
-
Македонија 20.12.2016 11:22
Управниот суд ќе ги разгледува двете тужби на СДСМ и едната на ВМРО-ДПМНЕ
Управниот суд денеска треба да ги разгледа преостанатите две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и една од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Свет 20.12.2016 11:16
Осомничениот напаѓач во Берлин е 23-годишен Пакистанец
Осомничениот извршител на нападот во Берлин е 23-годишниот Пакистанец, Невед Б., објавија германските медиуми.
-
Свет 20.12.2016 10:22
Доналд Трамп и официјално стана претседател
Доналд Трамп освои 270 електорални гласови и со тоа и официјално стана 45-тиот американски претседател. 538 електори од 50 сојузни држави деновиве беа под притисок да не го дадат својот глас за Трамп.
-
Свет 20.12.2016 10:11
Светските лидери со осуда за нападите низ Европа
Германската полиција почна истрага за можен терористички напад откако маж влета со камион во маса народ на божиќен пазар во Берлин, при што загинаа 12, а беа повредени 48 луѓе. Возачот е барател на азил од Пакистан кој дошол во Германија во февруари, тврдат безбедносните сили.
-
Економија 20.12.2016 09:58
19,2 милиони евра субвенции за сточарите
Сточарите со една до 100 крави и следната година ќе добијат по 2.800 денари за животно. За повеќе од 100 крави, субвенцијата процентуално ќе се намалува.
Дополнителни 1.500 денари ќе добиваат оние кои имаат минимум 30 обележани и евидентирани говеда и не се произведители на млеко.
-
Македонија 20.12.2016 09:52
Управниот суд ќе ја разгледува тужбата од ВМРО-ДПМНЕ
Управниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе ја разгледа тужбата од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември, која се однесува на решението на Државната изборна комисија за прифатениот приговор на БЕСА.









