Вести

  • Свет 14.12.2016 10:37

    Доцни евакуацијата на цивили од источно Алепо

    Сирискиот центар за човекови права соопшти дека се нејасни причините заради кои е забавена евакуацијата од реони во алепо што се под контрола на бунтовниците.

  • Економија 14.12.2016 10:34

    Македонски енолози во посета на Алзас

    Македонски експерти по енологија и претставници на локалните власти престојуваат во францускиот регион Алзас во студиска посета на тамошната винската индустрија, една од најразвиените во светот.

  • Македонија 14.12.2016 10:26

    Прекин на водоснабдувањето во Драчево

    Јавното претпријатие Водовод и канализација- Скопје информира дека поради уличен дефект на цевка со пречник од 600мм на булеварот „Борис Трајковски“, пред мостот Драчево, ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од населбата Драчево и селата Студеничани, Батинци, Моране и Зеленик

  • Македонија 14.12.2016 10:21

    Најстудено во Берово -13

    Во Берово утрово е измерена најниска температура од -13 степени. Според мерањата на УХМР, утрово во цела Македонија температурата била под нулата.

  • Свет 14.12.2016 10:11

    Асад: Нападот врз Палмира, обид да се оттргне вниманието од Алепо

    Сирискиот претседател Асад изјави дека нападот на екстремистичката групација Исламска држава врз Палмира е реакција предизвикана од успесите на сириската армија во Алепо и обид да се оттргне вниманието на воените сили од тој град.

  • Економија 14.12.2016 10:06

    Тутун откупуваат 9 од 10 монополи

    Од вкупно десет, досега само еден од монополите сеуште нема почнато со откупот на тутунот. Според законот има рок тоа да го стори најдоцна до 15-ти декември. Во спротивно нема да може да купува тутун.

  • Македонија 14.12.2016 10:02

    ДИК: Истече рокот за поднесување приговори

    На полноќ истече рокот за поднесување приговори за постапката за сумирање резултати од предвремените парламентарни избори во Република Македонија. Претходно, во 19 часот истече и рокот за поднесување приговори до Комисијата за постапката за гласање.

  • Македонија 13.12.2016 16:35

    Ѓорчев: Заев не одлучува за тоа кој ќе ја составува владата

    Поразениот Заев сака да стане победник, сака да им ја украде победата на граѓаните. Тоа нема да го дозволиме, одговорија попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Македонија 13.12.2016 15:52

    Заев: Корекција на пратеничките мандати

    Социјалдемократите очекуваат корекција на освоените пратенички мандати. Поднесуваат приговори до Државната изборна комисија и сметаат дека е можна промена на соодносот кога ќе бидат соопштени конечните резултати.

  • Македонија 13.12.2016 15:44

    МОСТ: Нерегуларности во постапката за гласање

    Изборниот ден помина со висока излезност,нерегуларности во постапката на гласање и сериозни индиции за поткуп и притисоци врз гласачите на одредени гласачки места. е прелиминарната оценка на Граѓанска асоција МОСТ за гласањето на 11-ти декември.

Pages