Над една милијарда кориснички сметки на компанијата „Јаху“ биле хакирани во 2013 година, а околу 500 милиони во 2014 година.
Личните информации на корисниците биле украдени од група спонзорирана од странска држава.
Над една милијарда кориснички сметки на компанијата „Јаху“ биле хакирани во 2013 година, а околу 500 милиони во 2014 година.
Личните информации на корисниците биле украдени од група спонзорирана од странска држава.
Од денеска во платниот промет влегуваат книжни пари во нови апоени од 200 и 2.000 денари, а се повлекуваат банкнотите од 5.000 денари. Одлуката произлегува од реално согледаната потреба за ребалансирање на постојната апоенска структура што е во опток, соопшти Народна банка.
Пензионерите во Грција најавија протест поради владината мерка за еднократна социјална помош, која според нив, е минимална.
Текот на изборите беше во ред, како што слушнавме ние. Сега е важно, колку што е можно побрзо да се формира влада и да се вратат стабилните прилики во Македонија, изјави вчера шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, по средбата со шефот на хрватската дипломатија.
Пржинскиот договор ја донесе земјава до успешни избори минатата недела, изјави вчера евроамбасадорот Самуел Жбогар на доделувањето на нагарадата „Жан Моне“. Тој очекува од новиот парламент и од новата влада, спроведувањето на потребните реформи за земјата да продолжи кон евроатлантскиот пат.
До денеска винските визби треба да им ја платат на лозарите првата рата од 20 проценти за купеното грозје. Според законот исплатата е во рок од 6 месеци од превземањето на откупениот род и ќе биде на 3 рати.
Од 11 часот, на јавна седница, Државната изборна комисија ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање, и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите.
Најниска температура во државава изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус осум степени, по што следат Струмица, Тетово, Скопје Петровец, Лазарополе, Демир Капија, Битола и Дебар со минус пет, Куманово, Ѓуриште, Гевгелија, Скопје Зајчев Рид, Пожаране и Прилеп со минус четири, и Виниц
Државната изборна комисија соопшти дека седницата за расправање и одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи во текот на утрешниот ден, 15 декември.
На днешен ден пред 71 година Телевизија Скопје ги емитуваше првите вести на македонски јазик.