Во пресрет на неделните предвремени парламентарни избори во Република Македонија, четврти во низа, денеска е предизборен молк. Дваесетдневната изборна кампања заврши ноќеска на полноќ.
Вести
-
Македонија 10.12.2016 09:20
-
Македонија 09.12.2016 13:59
Изборите во недела ќе ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи
Предвремените парламентарни избори во Македонија што ќе се одржат во недела на 11 декември ќе ги набљудуваат 7.585 домашни набљудувачи, 667 странски набљудувачи и 75 странски новинари. Според податоците на Државната изборна комисија, за изборите се акредитирани и 354 преведувачи.
-
Економија 09.12.2016 13:50
Невработеноста во третиот квартал намалена на 23,4 проценти
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третиот квартал од 2016 година стапката на невработеност изнесува 23,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
-
Македонија 09.12.2016 13:41
Иванов: Да се почитуваат Уставот и законите
Претседателот Ѓорге Иванов ги повика граѓаните на 11-ти декември да излезат, да го остварат своето право на глас и да ја исполнат својата граѓанска должност.
-
Економија 09.12.2016 13:41
Раст на БДП во третиот квартал од 2,4 отсто
Македонската економија во третиот квартал забележа раст од 2,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
-
Македонија 09.12.2016 13:30
Започна дистрибуцијата на изборниот материјал
Под силно полициско обезбедување претпладнето започна дистрибуцијата на изборниот материјал од печатница „Киро Дандаро“. На примопредавањето на избирачкиот материјал присуствуваа и членовите на ДИК кој ги потпишаа записниците.
-
Македонија 09.12.2016 11:43
СЈО: Зголемен бројот на барања за незаконски следени телефонски броеви
Специјалното јавно обвинителство денеска на својата веб страница објави дека е зголемен бројот на барања за незаконски следени телефонски броеви и дека се пристигнати 81 барање за вкупно 245 телефонски броеви.
-
Македонија 09.12.2016 10:32
Завршува изборната кампања
Партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори денеска ја завршуваат изборната кампања со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.
-
Свет 08.12.2016 12:51
Меј: Преговорите за Брегзит ќе бидат комплицирани
Премиерката на Велика Британија Тереза Меј изјави дека сака да го олесни Брегзит, но дека преговорите за излегување на таа земја од Европската унија ќе бидат комплицирани.
-
Македонија 08.12.2016 12:04
Метео: Сончево со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со услови за појава на слаба претпладневна магла по одделни котлини.
До недела температурите ќе бележат постепен пораст, а од понеделник следува период на постудено и ветровито време.









