Со цел поддршка и унапредуваање на работата на сообраќајната полиција Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) обезбеди донација од 35 батериски ламби во вредност од 300.000 денари за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Вести
-
Македонија 06.12.2016 12:03
-
Свет 06.12.2016 11:54
14 криминалци убиени во престрелка со полицијата на Мексико
Четиринаесет криминалци загинаа во престрелка со полицијата во Веракруз. Судирот почнал откако вооружените мажи нападнале полициски патролен автомобил во градот Хесус Каранса.
Бројот на жртвите постојано се зголемува во војната меѓу мексиканските власти и наркокартелите.
-
Македонија 06.12.2016 11:42
Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото“
Амбасадата на Франција се приклучи кон традиционалната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ што на целата територија на Република Македонија се одржа на 30 ноември годинава.
-
Македонија 06.12.2016 11:17
МВР: Не е најдено ништо сомнително во возилото кај Амбасадата на САД
Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека синоќа од Американската амбасада во Скопје било пријавено дека има сомнително возило на паркингот на Амбасадата.
-
Свет 06.12.2016 11:12
Над половина милион луѓе си заминаа од југоисточна Турција поради војната против терористите
Турските власти протераа половина милион луѓе од југоистокот поради мерките од т.н. „колективно казнување“.
Властите почнаа офанзива против терористите на Исламска држава и Курдската работничка партија. Голем дел до населението во завојуваните области е без вода и храна.
-
Свет 06.12.2016 10:41
Уште едно вето од Кина и Русија за примирјето во Алепо
Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за седумдневното примирје во Алепо.
Според Москва, документот ќе им даде време на бунтовниците да се прегрупираат.
Нацртот за Сирија го изготвија Нов Зеланд, Египет и Шпанија.
-
Економија 06.12.2016 10:29
Македонија- привлечна дестинација за американските инвеститори
Со подобрувањето на бизнис климата и олеснувањето на процедурите за започнување на бизнис, Македонија е лидер во светот, оценија учесниците на Трансатланскиот економски форум на универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон.
-
Економија 06.12.2016 10:19
Пријавување данок за земјоделство
Земјоделците кои годинава заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободни од плаќањето данок на доход.
-
Македонија 06.12.2016 08:29
Четири дена до крајот на изборната кампања
На коалициите и на партиите им преостануваат само уште четири дена за планираните предизборни активности.
-
Македонија 05.12.2016 16:42
Иванов во посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип
Претседателот и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов денес во посета на штипската касарна „Јане Сандански“. Тој се запозна со подготвеноста на батаљонот за справување со можните предизвици како бранот на бегалци,кој се очекува во наредниот период.










