Силни ветришта проследени со снег погодија 14 окрузи во централна и северна Романија. Во дел од земјата снежната покривка достигнала и до 80 сантиметри, што придонело до проблеми во сообраќајот особено во планинските предели.
Вести
-
Свет 14.11.2016 12:37
-
Економија 14.11.2016 12:33
Нови цени: Горивата поевтинуваат за 3 денари
Цената на горивата од полноќ се намалува за 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Свет 14.11.2016 12:21
Могерини: ЕУ и САД ќе продолжат да бидат партнери
ЕУ и САД се партнери и ќе продолжат да бидат партнери, изјави синоќа во Брисел високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
-
Македонија 14.11.2016 11:40
Иванов му го честита на Радев изборот за претседател на Бугарија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Румен Радев по повод изборот за нов претседател на Република Бугарија, соопшти кабинетот на македонскиот престедател.
-
Свет 14.11.2016 11:35
Прибус и Бенон во кабинетот на Трамп
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го избра Рајнс Прибус за свој шеф на кабинетот, додека Стивен Бенон ќе биде негов главен стратег и виш советник.
-
Култура 14.11.2016 10:42
Презентација на потпрограмата МЕДИА и работилница за сценарио на „Синедејс“
Во рамки на 15 Фестивал на европски филм „Синедејс“, денеска во Младинскиот културен центар ќе се одржи презентација на потпрограмата МЕДИА на „Креативна Европа“ и работилница за сценарио на Арне Колвајер.
-
Македонија 14.11.2016 10:34
Светски ден на дијабетесот: Предупредување за тивкиот убиец
Расте бројот на заболени од тивкиот убиец во Македонија. Во земјава има околу 185 илјади луѓе заболени од дијабетес, или околу 12 насто од целата популација, покажува истражувањето на здружението „Був“, кое се занимава со истражување на оваа област.
-
Македонија 14.11.2016 10:31
Продолжува судењето на Богоевски
Продолжува судењето на Павле Богоевски, активист на „Шарена револуција“, кое минатиот месец беше одложено.
Богоевски се товари за учество во толпа што извршила кривично дело. Тој на минатото рочиште се изјаснил за невин.
-
Македонија 14.11.2016 10:29
Искршено стакло од возило на делегација на ДУИ
Вчера група граѓани се собрале на влезот на кумановското село Черкези, револтирани од лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Собирот бил организиран од семејството на убиениот Џемаил Реџепи. Било скршено стаклото на едно од возилата со кое пристигнала делегацијата на ДУИ.
-
Македонија 14.11.2016 10:26
Дијаспората ќе гласа за три пратеника
Најверојатно ќе се гласа за три пратеника во дијаспората. За тоа се потребни речиси 20 илјади гласа. Државната изборна комисија на седница ги разгледуваше кандидатските листи на шест политички субјекти, кои им беа вратени на доработка поради констатирани неправилности.










