Во Македонија има потенцијал за развој на млади претприемачи, тврдат странските експерти. Во Фондот за иновации велат- успехот не се темели само на идејата и финансиската поддршка, потребно е и преземање на ризици.
Вести
-
Економија 20.10.2016 13:15
-
Македонија 20.10.2016 13:01
Караџовски: Да престанат притисоците врз судската бранша
Да престанат притисоците врз судската бранша, повика првиот човек на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Ова особено се однесува на медиумите, потенцираше тој, по неговата изјава за судијките кои биле повикани во СЈО.
Караџовски нема информација дали е прифатена судската наредба во УБК.
-
Свет 20.10.2016 12:52
Не постои заговор против Асанж- тврдат САД и Еквадор
Владите на САД и на Еквадор негираат дека заговарале да го замолчат Асанж со прекин на интернет-конекцијата во амбасадата на Еквадор во Лондон.
-
Македонија 20.10.2016 12:34
„Топлик“ и „Тендери“ - нови истраги на СЈО
„Топлик“ и „Тендери“ се двете нови истраги што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, поради основано сомневање за оштетување на државниот буџет.
-
Свет 20.10.2016 11:42
„Хуманитарна пауза“ во Алепо
Во сирискиот град Алепо е воведена „хуманитарна пауза“, што ја прогласи Русија, со која на жителите ќе им се овозможи да го напуштат градот.
-
Македонија 20.10.2016 11:39
Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на патот Седларево- Мерово
Едно лице загина, друго е повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска околу еден часот и триесет минути се случила на локалниот пат Седларево- Мерово во близина на крстосницата за Луковица, информираат од СВР Тетово.
-
Култура 20.10.2016 11:23
„Силјан Штркот шанца“ - премиера на Македонскиот народен театар
Претставата „Силјан Штркот шанца“ по текст на Дејан Дуковски и во режија на Срѓан Јаниќијевиќ вечер премиерно ќе биде изведена на малата сцена во Македонскиот народен театар. Со оваа претстава МНТ воведува лектирен театар со мото „Театар за секое дете“.
-
Свет 20.10.2016 11:19
САД ветува заштита од Севетна Кореја
САД им ветија на сојузниците заштита од Северна Кореја. Пјонгјанг изврши две нуклеарни проби и серија ракетни лансирања, кои според американските власти претставуваат опасност и провокација.
-
Свет 20.10.2016 10:52
Берлин: Спроведување на Минскиот договор
Сите лидери на т.н. Нормандиска четворка ја потврдија заложбата за спроведување на Минскиот договор за решавање на конфликтот во источна Украина.
-
Македонија 20.10.2016 10:43
Конференција по повод 1.100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски
Меѓународна конференција „Свети Климент Охридски- Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“, се одржува денеска во Охрид по повод 1.100 години од упокојувањето на светителот, ученик на светите браќа Кирил и Методиј.










