Со изборите легитимитетот се враќа кај народот, тој е единствентиот врховен авторитет во земјата за надминување на политичката криза, изјави во Собранието претседателот Трајко Вељаноски по потпишувањето на одлуката за предвремени избори за 11-ти декември.
Вести
-
Македонија 18.10.2016 13:04
-
Свет 18.10.2016 12:42
Мосул: Ирачките сили напредуваат побрзо од предвиденото
Ирачките сили напредуваа кон Мосул, откако покренаа офанзива за ослободување на градот од рацете на џихадистите од Исламска држава. Во една од решавачките битки во војната против Исламска држава заедно се борат ирачките државни сили со коалицијата на чело со САД, но и курдскиот одред Пешмерга.
-
Македонија 18.10.2016 12:10
Жбогар: Фер кампања и кредибилни избори за излез од политичката криза
Изборите на 11-ти декември можат да ја извлечат земјата од политичката криза под услов кампањата да биде фер и изборите да бидат кредибилни, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.
-
Свет 18.10.2016 12:03
Еквадор го прекина пристапот на Асанж до интернет
Еквадор го прекина пристапот до интернет на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој престојува во еквадорската амбасада во Лондон.
Засега не се позанти мотивите за оваа одлука. Асанж е осомничен за сексуално насилство во Шведска.
-
Свет 18.10.2016 11:25
Властите во Анкара забранија јавни собири поради опасност од напади
Градските власти на Анкара воведоа забрана за одржување јавни собири во градот поради опасност од напади.
Според информациите на разузнавачките служби, терористичките организации ги интензивирале активностите.
-
Македонија 18.10.2016 11:14
Димитриев на состанок со раководниот тим на МВР
Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска во Владата ќе одржи работен состанок со раководниот тим на Министерството за внатрешни работи.
-
Свет 18.10.2016 11:01
Црногорската опозиција не ги признава изборните резултати
Коалицијата Клуч, Демократскиот фронт, Демократската партија и Социјалдемократската партија не ги признаваат резултатите од гласањето на парламентарните избори во Црна Гора.
-
Македонија 18.10.2016 10:19
Привремено затворање на тунелот кај Демир Капија
Денеска од 21 до 22 часот ќе биде привремено затворен тунелот Демир Капија за сите категории возила поради изградба на јавен пат и инсепкција на тунелот.
Се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сигнализација.
-
Свет 18.10.2016 10:16
Трамп и Клинтон сѐ уште во тесна трка
За првпат во американската историја, над 50 проценти од Американците не ги одобруваат претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Клинтон има 47 проценти поддршка, а Трамп 43 отсто во најновата анкета на „Ен-Би-Си“ и „Вол стрит журнал“.
-
Економија 18.10.2016 10:10
Технома 2016: Над 160 домашни и странски изложувачи
Над 160 изложувачи од Македонија, Италија, Австрија и Германија од денеска до сабота ќе се претставуваат на меѓународниот саем „Технома“ во Скопје.
На саемот ќе се претстават и 30-ина почетнички компании кои се очекува да го најдат своето место на пазарот.










