Финансиска полиција го чешла работењето во Јавното претпријатие Чистота и зеленило-Куманово. Од Управата велат дека е откриен и документиран финансиски криминал, тежок 1,5 милиони денари. Оштетен е буџетот на претпријатието.
Вести
-
Македонија 14.10.2016 11:39
-
Македонија 14.10.2016 11:25
ОЈО Куманово спроведува истражна постапка против државјанин на Република Албанија
По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за финансии – Царинска управа, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово оформи предмет и донесе наредба за спроведување на истражна постапка против албански државјанин.
-
Свет 14.10.2016 11:18
Русија и Турција ја прошируваат соработката во воената индустрија
Претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин за време на средбата во Истанбул разговараа и за можно формирање заеднички систем за противракетна одбрана, но деталите за соработка по ова прашање ќе се дефинираат во наредниот период.
-
Свет 14.10.2016 10:50
Продолжено е примирјето со ФАРК до крајот на годинава
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос го продолжи прекинот на огнот договорен со револуционерните оружени сили на Колумбија до крајот на годината.
Сантос се надева на нов мировен договор кој ќе стави крај на полувековната граѓанска војна.
-
Свет 14.10.2016 10:29
Над 100 отказни решенија за воени судии во Турција
Во најновата серија отпуштања, отказни решенија добија 109 воени судии, Турските судски власти суспендирале уште 184 судии и обвинители со цел да ги искоренат приврзаниците на имамот Ѓулен, кого го обивнуваат за организирање на неуспешниот пуч.
-
Македонија 14.10.2016 10:24
Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието седници ќе одржат пет собраниски комисии. Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог- законот за даночни, царински и други фискални погодности, за одржувањето на УЕФА Супер купот во 2017-та, како и четири други законски проекти.
-
Македонија 14.10.2016 10:21
Собранието ја продолжува 124-тата седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 124-тата седница, на која треба да се гласа за предлог- законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на домашните државни универзитети.
-
Македонија 14.10.2016 10:18
Ориз: Помал род, неизвесен пласман
Со почетокот на жетвата на оризот се намалија и очекувањата на земјоделците дека годинава ќе им биде побериќетна од лани.
Родот е помал од минатата година, а за квалитетот велат дека е сеуште рано да се знае каков ќе биде.
-
Македонија 14.10.2016 10:14
Еврокомесарот Хан оствари средба со премиерот Димитриев
Комесарот за преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска престојува во посета на Република Македонија, и веќе се сретна со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.
-
Култура 14.10.2016 08:51
Виртуозот Кантуарија и Џош Стоун на Скопски џез фестивал
Боса - нова испеана на португалски со најдобриот глас, вака Скопскиот џез фестивал (СЏФ) го најавува вечерашниот гостин, бразилскиот гитарист Винисиус Кантуарија.










