Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност дадоа зелено светло на владината предлог-одлука за уште едно шест месечно продолжување на кризната ситуација на јужната граница.
Вести
-
Македонија 10.10.2016 12:09
-
Економија 10.10.2016 11:59
Германски „Костал“ почнува со производство во Македонија
Германската компанија Костал денеска ќе го означи почетокот на производството во Македонија.
Капацитетот е лоциран во Охрид, како браунфил инвестиција во поранешен ЕМО во село Косел. Подоцна се планира да изгради и сопствен капацитет. Најавено е реализација на 1000 нови работни места.
-
Македонија 10.10.2016 11:54
МАНУ одбележува 49 години од основањето
Македонската Академија на науките и уметностите одбележува 49 години од своето основање. По тој повод се одржува научна конференција за состојбите и перспективите во високото образование.
-
Македонија 10.10.2016 11:47
Жител на крушевско Алданци осомничен за братоубиство
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување на мерка притвор за едно лице од с. Алданци, Крушево, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – убиство и убиство во обид.
-
Македонија 10.10.2016 11:45
Иванов- Фишер: ЕУ мора да ја надмине кризата
Претседателот Иванов во Виена оствари средба со поранешниот австриски претседател Фишер. Македонскиот претседател изразил благодарност за досегашната принципиелна поддршка од Австрија за стратегиските цели на Република Македонија, соопштија од неговиот кабинет.
-
Македонија 10.10.2016 11:40
Заклетва на питомци и промоција на потпоручници на Воената академија
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе присуствува на свеченоста по повод заклетвата на питомците од 20. генерација и промоцијата на потпоручници од 16. генерација на Воената академија.
-
Свет 10.10.2016 11:38
Полицијата во Лајпциг уапси мигрант кој планирал напад во Берлин
Германската полиција во Лајпциг го уапси сирискиот мигрант Џабер ал Бакр поради сомнение за планирање бомбашки напад.
-
Свет 10.10.2016 11:32
Тешки обвиненија на втората дебата Клинтон-Трамп
Скандалот со имејловите и најновите објавени на „Викиликс“ кои покажуваат дека демократскиот кандидат Хилари Клинтон има едни ставови пред јавноста, а други приватно, беа едни од прашањата што американските гласачи ги поставија во втората претседателска дебата.
-
Економија 10.10.2016 11:26
Ќе поевтини ли свинското месо?
Поголемите фармери одгледувачи на свињи ја намалија цената на 90 до 95 или од 5 до 10 денари помалку за килограм жива мера.
-
Македонија 10.10.2016 10:20
Свечена академија во Собранието по повод 11 Октомври
По повод 75-годишнината од Денот на народното востание – 11 Октомври, денеска ќе се одржи Свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.








