Вести

  • Свет 07.10.2016 10:31

    ММФ: Грција има уште многу работа

    Според директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, пред Грција претстои уште многу работа во делот на реформите. Со тоа се потврдија стравувањата- монетарците се уште не се подготвени да учествуваат во третата финансиска транша за Атина.

  • Економија 07.10.2016 10:28

    ММФ и СБ: Светот соочен со слаб економски раст

    Државите се борат со слабата економија погодени од ниските цени на стоките и од заостанувањето на глобалната трговија.

  • Економија 07.10.2016 10:15

    Поддршка за помали хипотеки за земјоделски кредити

    Нема веќе проблем за земјоделците и за преработувачите за добивање на хипотекарни банкарски кредити. Средствата од Гарантниот фондот, ќе може да се користат за покривање на дел од трошоците потребни за обезбедување на хипотеката за земените кредити.

  • Македонија 07.10.2016 10:15

    Пообилни врнежи во вечерните часови

    Времето во земјава е променливо облачно со повремени врнежи, кои во вечерните часови треба да бидат пообилни во северо- западните и источните предели. Утринската температура беше меѓу 2 и 9 степени, а дневната ќе достигне 21 Целзиус.

  • Свет 07.10.2016 10:12

    Ураган „Метју“: Вонредна состојба во Флорида и во Јужна Каролина

    По пустошот што го остави зад себе и над 300 жртви на Карибите, супербурата „Метју“ треба секој час да удри на бреговите на Флорида и Јужна Каролина со брзина од 220 км/ч. Белата куќа прогласи вонредна состојба, се преселуваат стотици илјади семејства.

  • Македонија 06.10.2016 16:45

    Студентите не сакаат СПУКМ да остане невладина организација

    Студентскиот пленум е задоволен од исходот на вчерашниот референдум. Висок процент од оние што излегле на гласање. Иако е неформален и необврзувачки референдум, мнозинството одговориле дека не сакаат Студентскиот парламент да остане невладина организација.

  • Македонија 06.10.2016 16:34

    Акција на МИТ: Неправилно работење или политички реваншизам?!

    На МИТ Универзитетот биле запишувани студенти повеќето од Република Турција на факултети за дентална медицина, козметологија и физиотерапија, иако оваа високообразовна интитуција не поседувала ниту дозвола ниту акредитација, соопштуваат од Јавното обвинителство.

  • Македонија 06.10.2016 16:19

    Кога ќе се распушти Собранието?

    Не се мали, туку целосно се анулирани шансите македонското Собрание да се распушти на 12-ти октомври, односно кога започнува 60 дневниот рок пред предвремените избори превидени за 11-ти декември.

  • Македонија 06.10.2016 15:59

    Да се зголемат средствата за превенција од ХИВ/СИДА

    Граѓанските организации на протест пред Собранието ги повикаа на одговорност пратениците, откако како што велат тие, владата решила да го намали буџетот од 65 милиони денари на 27, наменети за лекување и превенција на ХИВ.

  • Македонија 06.10.2016 15:40

    Метео: Променливо облачно со врнежи од дожд

    Македонија утре ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот што ќе ни донесе променливо облачно време со врнежи од дожд на места пообилни особено попладне и во вечерните часови.

Pages