Бомбаш самоубиец уби најмалку 20 луѓе на свадба во североисточна Сирија.
Меѓу загинатите е и младоженецот, кој бил член на Сириските демократски сили, арапско-курдската коалиција што се бори против џихадистите од Исламска држава.
Бомбаш самоубиец уби најмалку 20 луѓе на свадба во североисточна Сирија.
Меѓу загинатите е и младоженецот, кој бил член на Сириските демократски сили, арапско-курдската коалиција што се бори против џихадистите од Исламска држава.
Товарот од глобалната бегалска криза е неправедно распределен, бидејќи мнозинство бегалци се наоѓаат во едвај 10 земји, предупредуваат хуманитарни организации.
Тие ги повикаа богатите земји во најскоро време да најдат решение за кризата.
За денеска е закажана собраниска седница на чиј дневен ред се предлог измените на законите за Специјалното јавно обвинителство и за заштитените сведоци, поднесени од пратеничката група на СДСМ.
Министерката за одбрана на Република Словенија, Андреја Катиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.
Спротивставени ставови, реплики, контра реплики, власта и опозицијата четврти ден кршат копја за распределбата на државните пари за 2017- та. За опозицијата- проекциите се нереални и неостваливи, едно пишува, а во реалноста парите одат за ненаменски трошоци.
Италија депортира петмина со потекло од Македонија поради загрозување на националната безбедност. Сите се членови на едно семејство.
Грчката полиција со солзавец ги растеруваше неколкуте илјади пензионери кои што денеска излегоа на протест во главниот град насочен против новото намалување на пензиите и реформите во пензискиот систем.
Со објавувањето на Нобеловата награда за медицина во Стокхолм почна Нобеловата недела.
21 година по обидот за атентат врз претседателот Киро Глигоров прашањата кој го нарача и кои се извршителите сѐ уште се неодговорени.
Безбедносниот систем на земјава е на апарати за вештачко дишење. Не дава соодветен одговор на загрозувањата, па потребно му е ресетирање, смета Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност.