Вкупната стоковна размена на Македонија со странство од јануари до август годинава изнесува 7.505.321 илјади американски долари. Најмногу се тргувало со Германија.
Вести
-
Економија 05.10.2016 13:23
-
Свет 05.10.2016 13:14
ЕП: Расправа за мигрантите во Кале
Бројните говорници ги подвкелоа ужанисте услови во дивиот камп наречен „џунгла“ и ја изразија загриженоста поради големиот број на малолетници без придружба и ризиците на кои тие се изложени.
-
Економија 05.10.2016 13:09
Соработката со земјите од ЦЕФТА не е на завидно ниво
И по 10 години од договорот за слободна трговија, соработката меѓу земјте од ЦЕФТА сѐ уште не е на завидно ниво- оценува универзитетската професорка, Ирена Кикерова.
-
Свет 05.10.2016 12:55
Ураган Mетју: Најмалку девет жртви, илјадници домови уништени
Ураганот Mетју, најсилниот во последните десет години се упати кон Бахамите и на југот на САД откако уби најмалку девет луѓе и уништи илјадници домови на Хаити и во Доминиканската Република, а со нешто помал интензитет погоди и делови од Куба.
-
Свет 05.10.2016 12:47
„Јаху“ масовно скенирал електронска пошта за американската влада
Компанијата „Јаху“ наводно прифатила да работи според упатствата на американската влада, пребарувајќи стотици милиони електронски пошти за потребите на Федералното истражно биро и за Агенцијата за државна безбедност.
-
Македонија 05.10.2016 12:32
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата
Известителот за иницијативата за оценување на уставноста на помилувањата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, уставната судијка Гзиме Старова, образложи дека Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на помилувањата затоа што тие веќе не постојат во правниот поредок.
-
Свет 05.10.2016 12:23
Ураганот „Метју“ се упати кон Куба
Седум лица загинаа на Хаити и во Доминиканската Република во ураганот „Метју“, кој се очекува да стигне на Куба.
Последниве неколку денови кубанските власти евакуираа над 300.000 граѓани од загрозените источни подрачја. Во земјата е прогласена и вонредна состојба.
-
Македонија 05.10.2016 12:22
Отворено постојаното седиште на Балканските медицински наменски сили
Во Скопје ќе биде постојаното седиште на штабот на Балканските наменски медицински сили. Македонија, Словенија, Србија, БиХ, Албанија и Црна Гора ќе партиципираат со свој персонал во единицата која треба да брои 86 лица.
-
Македонија 05.10.2016 12:19
Одложено судењето на Павле Богоевски
Павле Богоевски, член на Шарената револуција седна на обвинителна клупа. Му се суди за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Според обвинението, Богоевски на 18-ти април фрлал боја кон фасадата на Министерството за култура, коешто се смета за културно наследство.
-
Економија 05.10.2016 11:36
Продолжува амандманската расправа за Буџетот за 2017-та
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот на Република Македонија за 2017 година во Комисија за финансирање и буџет.










