Членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска на пладне ќе продолжат со средбите чија цел е да се постигне консензус за избор на петтиот член на ова тело кое, преку Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да носи заклучоци за известувањето в
Вести
-
Македонија 29.08.2016 11:57
-
Свет 29.08.2016 11:51
Сириски авиони бомбардираа кварт во Хомс
Сириски авиони го бомбардираа квартот Ал Ваер во Хомс, што го контролираат бунтовниците. Според локалните жители, во серијата напади загинале најмалку седум лица, а десетици се ранети.
-
Свет 29.08.2016 11:42
Ердоган: Турција ќе се бори против ИД и курдските милитанти
„Турција ќе се бори и против курдските милитанти и против џихадистичката групација Исламска држава“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган на собирот во Газинатеп каде што загинаа 55 лица во напад за време на свадба.
-
Свет 29.08.2016 11:29
Руски систем за противвоздужна одбрана распореден во централен Иран
Рускиот систем за противвоздушна одбрана е распореден во централен Иран за заштита на нуклеарниот објект „Фордо“. Зенитно- ракетни системи Ес-300 се стационирани во базата Хатам ал Анбија.
-
Македонија 29.08.2016 10:50
Од денеска правни совети за граѓаните од поплавените подрачја
Почнуваат средбите со граѓаните од поплавените подрачја на кои ќе им биде обезбедена правна помош за надоместување на штетите.
Средбите ќе се одржат денеска, во среда и во петок, во месните заедници на Стајковци (10:00 - 13:00) и на Ченто (13:00 - 14:00).
-
Македонија 29.08.2016 10:40
На „Ало докторе“ за една недела 1.376 повици
На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатите седум дена (од 22 август до 28 август) имало 1.376 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 110.578 повици.
-
Македонија 29.08.2016 10:39
Ќе се минираат карпи во Шипковица
Во селото Шипковица, Тетовско, денеска ќе бидат минирани карпите кои, по неодамнешните поплави, се закана за жителите од овој регион.
-
Економија 29.08.2016 10:31
Истекува рокот за пријавување субвенции за оризова арпа
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани, 360 земјоделци доставиле документи за дополнителни субвенции за ориз.
-
Свет 29.08.2016 08:54
Бомбашки напад врз бриселскиот Институт за криминологија
На Институтот за криминологија во северен Брисел утрово експлодира бомба, но нема повредени лица, бидејќи зградата во тоа време била празна.
-
Македонија 29.08.2016 08:51
Безбедносната состојба во РМ пред Комисија за надзор над работата на УБК и на АР
Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР).










