Со натпреварот меѓу домаќинот Франција и репрезентацијата на Романија, вечер ќе почне 15-то Европско фудбалско првенство што ќе трае еден месец. Натпреварите од ЕВРО 2016 ќе се играат на десет стадиони и тоа во Париз, Бордо, Ленс, Лил, Лион, Марсеј, Ница, Сент Дени, Сент Етијен и во Тулуз.
Вести
-
Македонија 10.06.2016 15:37
-
Свет 10.06.2016 14:52
Лабуристите предупредија- Брегзит ќе ја чини Британија 18 милијарди фунти
Излезот од ЕУ може да предизвика драстично зголемување на данокот и намалување на трошоците и до 18 милијарди фунти, предупредија Лабуристите.
Партијата ја засили кампањата за продолжување на членството во Унијата што ќе се гласа на референдумот на 23 јуни.
-
Македонија 10.06.2016 14:43
Се трага по останатите напаѓачи на полицајците од Тетово
Сакале да приведат осуден криминалец на издржување затворска казна, но биле нападнати од неговиот татко и другарите. Четворица полицајци го извлекоа подебелиот крај во тепачката која се случи на улица во Тетово.
-
Економија 10.06.2016 14:30
Иванов- Земан: Одличните политички односи да се пресликаат и во економијата
Билатералните односи помеѓу Република Македонија и Чешката Република се силни од секој аспект, меѓу двете држави нема отворени прашања. Поради тоа во иднина треба повеќе да се работи на интензивирање на соработката во сите области, особено во економската сфера.
-
Култура 10.06.2016 14:21
Изложба за Мајка Тереза во септември во Рим по повод нејзината канонизација
Низ повеќе од 70 експонати подредени во неколку тематски целини на кои се прикажани старо Скопје, детството и младоста на блажената Мајка Тереза, во септември во Рим, по повод нејзината канонизација, ќе се реализира изложба на фотографии и текстови поврзани со животот на големата хуманистка, која
-
Македонија 10.06.2016 13:08
Кривичниот суд ќе решава по барањата на СЈО
5-те предлози од Специјалното јавно обвинителство се распоредени кај судии на претходна постапка и денеска ќе се постапува по нив, а лицата ќе бидат повикани во судот, информираат од Кривичниот суд.
-
Економија 10.06.2016 13:00
Раст од 2% на БДП во првиот квартал
Раст од 2% на бруто- домашниот производ (БДП) во првиот квартал од годинава- објави Државниот завод за статистика.
-
Економија 10.06.2016 12:56
Лани дивоизградени 1.061 објекти
Вкупно 1.061 бесправно изградени објекти се евидентирани во текот на минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Македонија 10.06.2016 12:51
Вељаноски на пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Софија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска и утре ќе учествува на Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Софија, соопшти собраниската прес-служба.
-
Македонија 10.06.2016 12:42
Започна рализацијата на проектот за вработување на 100 најдобри студенти во јавниот сектор
Започна реализација на проектот за вработување во јавниот сектор на 100 најдобри студенти од државните универзитети во земјава. Изготвен е Предлог- закон со кој се уредува начинот и постапката во која ќе се вработуваат студентите.










