Вести

  • Македонија 03.06.2016 09:09

    Комисиска расправа за импичмент на Иванов

    Денеска треба да продолжи расправата во Комисијата за импичмент на претседателот Иванов. На вчерашната седница жестока дебата меѓу власта и опозицијата.

    Според СДСМ, Иванов со одлуката за аболиција, злоупотребувајќи ја функцијата, ја продлабочил политичката криза и го прекршил Уставот.

  • Македонија 02.06.2016 16:43

    ЕУ го испитува субвенционирањето на евтините летови од Македонија

    Европската унија го испитува субвенционирањето на летовите на евтини компании што оперираат од скопскиот аеродром- вели гласноговорникот на Европската комисија. Адамовиц тврди дека се во контакт со надлежните власти во Скопје и собираат информации за понатамошно испитување.

  • Македонија 02.06.2016 16:36

    Пломп: Разумни решенија за нова препорака за преговори

    Доста стававме на хартија, време е за имплементација на договореното. Холандскиот амбасадор ги повика лидерите да ја решат политичката криза. Смета дека доколку донесат разумни решенија, Советот ќе даде повторно препорака за Македонија.

  • Македонија 02.06.2016 16:27

    Ќе се гради приватна градинка во Илинден

    Нова приватна градинка ќе се гради во Илинден. 120 деца ќе бидат згрижени во комплекс од три дела кој покрај градинката,  ќе има и научно-истражувачки центар кадешто ќе можат да ја развиваат својата креативност и во втората фаза основно училиште.

  • Свет 02.06.2016 16:06

    Расте бројот на жртви во поплавите низ Европа

    Неколку лица загинаа во поплавите во Франција и во Германија. Илјадници домови во Баварија останаа без електрична енергија. Во дел од Франција е евакуирано населението поради најголемата поплава во последните 100 години.

  • Економија 02.06.2016 16:01

    Либански бизнисмени заинтересирани за деловна соработка со Македонија

    Поттикнување на извозот и услугите во двете земји, економска соработка во делот на недвижностите, угостителството и туризмот, алтернативните извори на енергија, прехранбените производи, аграрот. Либанскиот бизнис- сектор заинтересиран за трговија и извоз со македонските партнери.

  • Македонија 02.06.2016 15:47

    Прва седница на Комисијата за импичмент на Иванов

    Прво комисиско соочување на аргументите меѓу власта и опозицијата за оправданоста за импичмент за претседателот, Ѓорге Иванов. Според Социјалдемократите, со одлуката за помилување, шефот на државата го нарушил владеењето на правото и поделбата на власта.

  • Македонија 02.06.2016 15:42

    УПОЗ на средба во Министерство за правда

    Синдикатот на УПОЗ се состана со советниците на министерот за правда. Им порача дека не отстапуваат од барањата за зголемувањето на додатоците на плата за 35%.

  • Македонија 02.06.2016 15:28

    Полицијата пронајде 39 мигранти во Доброшане

    Вкупно  39 мигранти, од кои 21 малолетно лице без документи за идентификација пронашла вчера полициската патрола во населбата Доброшане, Куманово.

    Мигрантите, како што информира денеска МВР, биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило „Форд Транзит“.

  • Македонија 02.06.2016 15:19

    Обвинителството потврди- Крпач се самоубил

    Истрагата потврди – лицето коешто се најде на списокот помилувани Коста Крпач се самоубил.

    Во соопштението од Основното обвинителство се вели дека се уште се работи на утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта.

Pages