Миграцијата, финансиите и човековите права беа темите за кои се разговарше на дводневното полтичко Собрание на Европскиот комитет за региони во Брисел. Централно место зазеде миграцискиот процес, како глобален и актуелен проблем.
Вести
-
Македонија 03.06.2016 16:18
-
Економија 03.06.2016 16:03
Половина од автопатот Кичево- Охрид ќе биде изграден до крајот на годинава
До крајот од годинава ќе бидат завршени 50% од градежните работи на новиот автопат Кичево- Охрид. Досега се пробиени 80% од трасата, а во моментот се работи на пробивање на тунелот кај Пресека, кој ќе биде најголем во државата со должина од два километри.
-
Свет 03.06.2016 15:56
Европа брои жртви од поплави
Нивото на водата во Сена во Париз достигна 6 метри. Музејот Лувр е затворен за да може да се преместат вредните уметнички дела на безбедно место.
-
Македонија 03.06.2016 15:44
Меѓународна конференција „Спортот и неговото значење во образовниот процес“
Значењето на спортот и неговата улога, тема на втората Меѓународна научна конференција организирана од Факултетот за физичка култура. Професори и странски експерти разменија мислења како земјава да добие нови спортски надежи. Македонија е на добар пат, смета деканот Живковиќ.
-
Свет 03.06.2016 15:38
Клинтон со жестоки напади против Трамп
Фаворитот за претседателски кандидат на Демократите, Хилари Клинтон изјави дека Американците ќе направат „историска грешка“ доколку го изберат Доналд Трамп за претседател на САД.
-
Економија 03.06.2016 15:30
Исплатата на земјоделските субвенции продолжува од следната недела
Задоцнетите субвенции наскоро ќе бидат исплатени, велат надлежните. Од понеделник ќе почне постапката, која поради распишување на изборите беше запрена. Од платежната Агенција за финансиска поддршка на земјоделство, информираат дека е во тек оглас за субвенции.
-
Економија 03.06.2016 15:25
Побарувачката на девизи ги намали резервите
За речиси 72,5 милиони евра се намалени девизините резерви во април, објави во последниот извештај Народната банка. Причина се интервенциите во времето на големата побарувачка за девизи за да се зачува стабилноста на девизниот курс.
-
Македонија 03.06.2016 15:15
СЈО: Продолжуваат предистражните дејствија и истражните постапки
Предистражните дејствија и истражните постапки продолжуваат за сите, иако претседателот Ѓорге Иванов ја повлече одлуката за аболиција за 22- ца, велат од Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 03.06.2016 15:09
Љубе Бошкоски пуштен од затвор
Лидерот на партијата „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е пуштен од затвор.
Бошкоски е пуштен неколку дена пред истекот на затворската казна, која му завршуваше на 6-ти овој месец.
-
Македонија 03.06.2016 14:53
Продолжи расправата за предлогот за импичмент на Иванов
Комисијата за утврдување импичмент за претседателот треба да даде одговор дали е прекршен Уставот или некој закон, а не да утврдува мотиви зошто Иванов донел одлука за аболиција – пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивните колеги од опозицијата повеќе сакаат да зборуваат за политика отколку за










