Поезија, класици, раскази, македонска книжевност – нови 150 наслови на аудио книги за лицата со оштетен вид. Над 340 наслови од различна тематика се достапни за нивна едукација.
Вести
-
Македонија 26.05.2016 14:48
-
Економија 26.05.2016 14:19
Усвоен Стратегискиот план на НБРМ за периодот 2017 - 2019 година
Определбата за одржување ниска и стабилна инфлација, стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржувањето на финансиската стабилност, економски раст и просперитет, ќе бидат главниот стожер на активностите на Народната банка.
-
Свет 26.05.2016 13:57
Белгиската полиција откри план за нов напад
Белгиската полиција открила план за напад во земјата откако уапсила 4 лица осомничени за регрутирање на џихадисти во Сирија и Либија.
Ова се случува само два месеца откако тројца бомбаши самоубијци извршија координирани напади во Брисел при што загинаа 32 лица.
-
Македонија 26.05.2016 13:43
Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“
Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за радиологија, вчера околу 15:00 часот 46- годишниот И.И. го навредувал персоналот, физички нападнал болничар, а го искршил и стаклото од вратата на ходникот, по што интервенирало обезбедувањето.
-
Македонија 26.05.2016 13:19
Пронајдени 12 мигранти во „Лада нива“ на патот Гевгелија-Смрдлива Вода
На регионалниот пат Гевгелија-Смрдлива Вода, синоќа околу 23:50 часот од страна на мешовит полициски патролен тим, при контрола на возило марка „Лада Нива“ без регистарска ознака пронајдени се 12 мигранти и тоа 11 од Сирија и еден од Ирак.
-
Македонија 26.05.2016 13:14
Нови 150 наслови на аудио книги за лицата со оштетен вид
Промовирани нови 150 наслови на аудио книги за лицата со оштетен вид. Тие се дел од проектот за изработка на 400 аудио книги, што се спроведува трета година по ред.
-
Македонија 26.05.2016 12:52
Во скопскиот Кривичен суд, судски процес на случајот „Фабрика за афери“
Во скопскиот Кривичен суд судски процес против Закир Бекири-Чауш, обвинет во случајот „Фабрика за афери“ за фалсификување лажни лични карти и документи.
Пред почетокот на неговото сведочење, полицајци облечени во цивил, како што посочи судијката, неовластено влегле и снимале.
-
Свет 26.05.2016 12:42
Путин од утре во посета на Грција
„Грција е важен партнер на Русија, со неа водиме динамичен политички дијалог на повеќе нивоа и во таа смисла и на највисокото“, изјави рускиот претседател Владимир Путин за весникот „Катимерини“ пред утрешната посета на Грција.
-
Економија 26.05.2016 12:21
Се поедноставува и поевтинува учеството на компаниите во постапките за јавни набавки
Бирото за јавни набавки и Централниот регистар на Република Македонија денес овозможија нова услуга преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), која на компаниите ќе им заштеди време и средства.
-
Македонија 26.05.2016 11:45
Инцијативата за импичмент на Иванов влегува во Собранието
Барањето за импичмент на претседателот Иванов влегува во Собранието. На иницијативата на пратениците на СДСМ за утврдување одговорност на шефот на државата досега се потпишале повеќе од 50 пратеници. Потпис ставиле сите пратеници од ДУИ и тројца независни.










