Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи.
Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков го презеде кабинетот од претходниот министер Оливер Спасовски.
Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи.
Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков го презеде кабинетот од претходниот министер Оливер Спасовски.
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО- ДПМНЕ и на ДУИ, поднесоа предлог за измени и дополнувања на шест закони. Ќе се разгледуваат на денешното пленарно заседание закажано за 14 часот.
По Руската и Бугарската академија на науките и уметностите, и во Белград, на Кнез Михајлова во Галеријата на САНУ, постхумно е отворена изложба на академскиот сликар Глигор Чемерски.
Припадници на специјалните сили на руската полиција ликвидирале маж, кој синоќа зел заложници во банка во Москва.
Сите заложници се ослободени, и нема жртви ниту повредени. Мажот упаднал во филијала на московската „Кредитна банка“ и побарал сума од 4,7 милиони рубљи (13.000) евра.
Македонско-белгиски бизнис форум на кој ќе учествуваат над 40 компании од повеќе сектори од Македонија и Белгија ќе се одржи денеска во Скопје.
Економијата во светот денеска е базирана на дигитална технологија, која има потенцијал до 2020-та година да додаде 1 трилион долари на глобалниот економски раст.
Официјалните власти на Египетската авијација соопштија дека авион на „Египет Ер“ со 66 патници и членови на екипажот кој летал на линија Париз – Каиро се урнал. Авиокомпанијата соопшти дека од авионот бил испратен повик за помош.
Концесијата за организирање на рекреативен риболов на „Акумулација Градче“ се доделува за период од шест години.
Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица и рибарските здруженија.
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска ќе одбележи 67 години од основањето - со молебен пред споменикот на браќата просветители на универзитетскиот кампус, доделување плакети и награди и вечер со свечена академија и концерт во МНТ на кој како солист ќе настапи виолинистот Стефан Миленковиќ
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска и утре ќе престојува во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино и претставници на меѓународната заедница, соопшти Германската амбасада.