Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умеренаоблачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Во петок и сабота се очекуваат нови врнежи од дожд и пониски температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умеренаоблачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Во петок и сабота се очекуваат нови врнежи од дожд и пониски температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, пристигна во Македонија. На одвоени средби разговараше со лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи.
Слабата економска моќ, предрасудите, стереотипите и семејните обврски се се уште најчестите причини, поради кои во Македонија е многу мал бројот на жени претприемачи. Само два насто од жените во земјава се на раководни позиции во големите компании, велат од Сојузот на стопански комори.
Судската администрација штрајкува. Бара повисоки примања за 35 проценти. Велат дека сега се вршат само неопходните работи - итни предмети и издавање уверенија за странци или за вработувања.
Спасувачките екипи трагаат по повеќе од 200 семејства за кои се верува дека се затрупани под големи одрони од кал во три села во централниот дел од земјата, предизвикани од поројните дождови коишто три дена паѓаат без престан.
Затворски казни од две до четири години и шест месеци добија петтемина обвинети во случајот „Ќелија“ за „учество во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација“. Судот зел предвид дека обвинетите се млади луѓе. Дел од нив семејни.
Претседателот на Собранието во 16 часот закажа собраниска седница.
Полицијата поднесе кривична пријава против 59 годишен Виничанец под сомнение дека неовластено тргувал со марихуана.
При претрес во неговиот дом се пронајдени над 14 килограми дрога и артефакти за кои подоцна е утврдено дека немаат културно историска вредност.
Судската администрација го активира штрајкот со барање за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства.
15 лица биле приведени во полициска акција против припадници на Исламска држава во Истанбул. Полицајци од одделот за борба против тероризмот рано изутрината извршиле акции на десет локации во неколку населби.