На 5-ти јуни не може да има избори. Решение на кризата е можно само со повлекување на аболицијата, прочистен избирачки список и свикување собраниска седница за одложување на датумот – велат опозициските партии.
Вести
-
Македонија 10.05.2016 15:15
-
Економија 10.05.2016 15:11
Нова холандска инвестиција во ИТ секторот
Нова холанска инвестиција во ИТ бизнисот. Холандски „Симфони Солушнс“ ќе развива софтверски решенија во Македонија. Вработи 30-тина ИТ професионалци, планира да го прошири бизнисот во иднина.
-
Македонија 10.05.2016 15:02
Метео: Сончевото време продолжува и утре, услови за нестабилност во четврток
Сончевото и топло време продолжува и утре. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер особено долж Повардарието.
Доцна попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
-
Култура 10.05.2016 14:41
Благоја Куновски- нов директор на фестивалот „Браќа Манаки“
Благоја Куновски- Доре е избран за нов директор на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Куновски две децении е филмски критичар и селектор. Нов уметнички директор е Евгенија Теодосиевска, долгогодишен селектор на документарната програма на фестивалот.
-
Македонија 10.05.2016 14:28
Одложено судењето на Савески, се чека вештачењето за штетата
Фрлал предмети кон народната канцеларија на претседателот, потоа со толпата влегол внатре и запалил фотографија од Иванов. Поради ова, универзитетскиот професор Здравко Савески седна на обвинителна клупа.
-
Македонија 10.05.2016 14:17
Орав: Преговорите треба да продолжат веднаш, нема време за губење
„Оваа политичка криза трае предолго, нема време за губење“- изјави евроамбасадорот Аиро Орав на денешната традиционална средба со амбасадорите од земјите- членки на ЕУ и актуелниот и поранешните вицепремиери за европски прашања.
-
Култура 10.05.2016 13:55
Официјален почеток на „Избор за песна на Евровизија“- Стокхолм 2016
Сѐ е подготвено за официјалниот старт и директни телевизиски преноси од најголемиот и најспектакуларниот музички избор во организација на Европската радио- дифузна унија: 61-то издание на Изборот за песна на Евровизија од „Ериксон Глоуб Арената“ во престолнината на кралството Шведска.
-
Економија 10.05.2016 13:35
Македонија има огромен потенцијал за активен туризам
Најатрактивното што Македонија може да им го понуди на активните туристи и вљубеници во авантурите ќе им биде презентирано на учесниците на големата регионална конференција.
-
Македонија 10.05.2016 13:18
Хепенинг за Денот на Европа на децата од Општина Центар
Децата од основните училишта во Општина Центар го прославуваа Денот на Европа со повеќе музичко- сценски перформанси, ораторски настапи, и ликовна изложби на тема главните градови на Европската унија.
-
Македонија 10.05.2016 13:07
ЕУ очекува лидерите да најдат излез од кризата
Официјален Брисел засега без одговор дали ако не се одржат изборите на 5-ти јуни ќе пропадне и договорот од Пржино. Европската унија уште еднаш порача дека очекува од политичките лидери во земјава да најдат излез од кризата.










