Грчкиот парламент синоќа ги усвои спорните реформи на пензискиот и даночниот систем. Пакетот, неопходен за добивање на новата помош од меѓународните киредитори на Грција, Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, беше усвоен со 153 гласа „за“ и 143 „против“.
Вести
-
Свет 09.05.2016 12:27
-
Култура 09.05.2016 11:02
Калиопи на евровизискиот црвен килим заблеска во креација на Розе Трајчевска
Вчеравечер во Стокхолм беше организирано дефиле на сите учесници на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија.
-
Свет 09.05.2016 10:42
Русија: Со воена парада ќе се слави Денот на победата над фашизмот
Денеска е 9-ти мај, Ден на победата над фашизмот во Втората Светска војна и капитулацијата на начистичка Германија.
-
Македонија 09.05.2016 10:33
Црвениот крст ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток
Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток, во рамките на активностите за одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8-ми мај.
-
Македонија 09.05.2016 10:31
Примопредавање на командата на Здружената оперативна команда на АРМ
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, со воена свеченост ќе се изврши примопредавање на должноста, командант на воздухопловната бригада на АРМ.
Командувањето од досегашниот командант, полковник Кире Колевски, ќе го преземе неговиот заменик, полковник Роберт Малезански.
-
Македонија 09.05.2016 10:27
Една година од кумановските настани
Една година од немилите настани во кумановската населба „Тоде Мендол“. Лани на деветти и на десетти мај се случи вооружената пресметка на полицијата со криминално-терористичка група.
-
Свет 09.05.2016 10:17
„Панамските документи“ од денеска ќе станат достапни за јавноста
Милионите „Панамски документи“, кои предизвикаа огромен скандал поради истечените информации за прикривањето приходи во светски рамки, ќе станат достапни за јавноста од денеска, објави Меѓународниот конзорциум на новинари, кои ги открија тие документи.
-
Економија 09.05.2016 10:14
Казни за винариите должници
На 30-ти април заврши рокот за доплата на откупениот лански род на винското грозје.
По обработката на податоците за неколку дена ќе се знае и која винарска визба ќе мора да плати камати на лозарите и казна од 10 проценти на државата во буџетот за неисплатената сума.
-
Економија 09.05.2016 08:18
„Лидер проект 2016“ за подобри бизнис вештини
Четириесет и четири менаџери ќе ги усовршуваат своите бизнис и претприемачки вештини на обуки во рамки на деветтото издание на програмата за бизнис образование „Лидер проект 2016“, што ќе се одржи денеска во Скопје.
-
Македонија 09.05.2016 08:13
Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот
Со повеќе активности во земјава, денеска ќе биде одбележан 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.










