Државната изборна комисија на седница ќе ги разгледува поднесените кандидатски листи. Според Законот има рок од 48 часа да ги провери дали се во согласност со Изборниот законик, а политичките партии доколку има неправилности во листите, исто така за 48 часа треба да ги корегираат.
Вести
-
Македонија 12.05.2016 12:21
-
Економија 12.05.2016 12:15
Во првиот квартал бројот на туристи зголемен за 16,7%
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во периодот јануари- март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7%. Кај домашните туристи има зголемување за 18,4%, а кај странските има зголемување за 15,8%.
-
Култура 12.05.2016 11:53
Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија на „Евросонг“
Македонската поп дива Калиопи вечер ќе ја претстави Македонија на 61-то издание на Изборот за песна на Евровизија што се одржува во Стокхолм, Шведска.
Калиопи на втората полуфинална вечер ќе настапи под реден број осум со песната „Дона“ која ја компонираше Ромео Грил.
-
Македонија 12.05.2016 11:37
Кривична пријава за апсолвентка поради убиство на дете при пораѓање
23- годишна скопјанка заработи кривична пријава за убиство на дете при пораѓање. За нејзината бременост не постоеле лекарски контроли, а била седми или осми месец во бременост. И покрај тоа таа тргнала на апсолвентска екскурзија.
-
Култура 12.05.2016 11:32
Деветта Македонска книжевна визита за афирмација на македонската литература
Традиционалната „Македонска книжевна визита“ со која се афирмира македонската литература во соседна Бугарија, со учество на 11 македонски поети и писатели од сите генерации, ќе блесне во своето деветто издание од 13 до 15 мај во Софија.
-
Свет 12.05.2016 11:23
Сѐ помалку американци се приклучуваат кон ИД
Директорт на ФБИ, Џејмс Коми, изјави дека сѐ помалку американци одат во странство за да се приклучат на Исламска држава.
-
Македонија 12.05.2016 11:21
Спасов на распит во СЈО
Поранешниот полициски специјалец и припадник на „Тигрите“, Игор Спасов кој е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешковски, утрово повторно бил донесен на распит во Специјалното обвинителство под силно полициско обезбедување.
-
Свет 12.05.2016 11:05
Ципрас „најсиромашен“ меѓу колегите
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, според пријавените годишни приходи кај даночните власти, е „најсиромашниот“ избран функционер во споредба со неговите колеги министри во владата, од кои неколкумина имаат приходи од половина милион евра.
-
Македонија 12.05.2016 10:46
Македонски тим во борба за главна награда на НАСА
Македонскиот тим Авис е единствен од регионот што се пласира на глобалниот натпревар „Спејс апс челинџ“ на НАСА во категоријата „Избор на публиката“ и со своето иновативно решение се најде помеѓу најдобрите 25 тимови на светско ниво.
-
Свет 12.05.2016 10:21
Не стивнуваат борбите во Сирија
Меѓународната терористичка организација „Џaбат Ал Нусра“ ги продолжува борбените дејствија, кои имаа цел соборување на „режимот на молкот“ во Сирија.










