Во вила „Водно“ во тек е средба на претседателот Ѓорге Иванов со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Вести
-
Македонија 14.04.2016 12:40
-
Економија 14.04.2016 11:53
ММФ прогнозира раст од 3,6% на македонската економија
Економскиот раст на Македонија оваа и следната година ќе достигне 3,6 проценти- во најновиот извештај прогнозираат меѓународните монетраци.
И покрај политичката криза, оваа проценка е за -0,4 процентни поени повисока од последната што Фондот ја даде во октомври лани.
-
Свет 14.04.2016 11:39
Зика предизвикува аномалии при самото раѓање
Американски научници и здравствени службеници потврдија дека вирусотот Зика предизвикува деформации при самото раѓање, вклучувајќи ја и микроцефалијата.
-
Култура 14.04.2016 11:20
„Дона“ продолжува да воодушевува!
Македонската евровизиска претставничка Калиопи на покана на организаторот на најголемиот евровизиски промотивен настан Eurovision in concert, изминатиот викенд престојуваше во Амстердам.
-
Свет 14.04.2016 11:13
Обама: Исламска држава е во дефанзива
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека коалицијата предводена од САД која се бори против Исламската држава во Сирија и во Ирак ја принудила милитантната група на дефанзива и ги убила клучните лидери.
-
Македонија 14.04.2016 10:59
Јолевски на конференција во Вашингтон
Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, на покана на Фондацијата Бертелсман денеска ќе учествува на 8-та годишна конференција на Фондацијата, „Миграциски текови, факти, фикција и политика“, која се одржува во Вашингтон, САД.
-
Свет 14.04.2016 10:54
Панама: Конфискувани дигитални фајлови од „Мосак Фонеска“
Панамските власти конфиксуваа десетици фајлови во седиштето на адвокатската фирма „Мосак Фонеска“, која е во центарот на скандалот со истекувањето на т.н. Панамски документи.
-
Економија 14.04.2016 10:51
Саеми за туризам, образование и кариера
Саеми на туризам и на образование и кариера се одржуваат во Скопје. На скопскиот Саем за туризам се најавени 60-тина учесници од регионот, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, компании за производство на хотелска опрема и за софтверска поддршка на туризмот.
-
Македонија 14.04.2016 10:48
По вчерашните протести, состојбата на јужната граница е мирна
Состојбата по вчерашните протести на мигрантите од импровизираниот камп во Сеово, на грчко- македонската граница, е релативно мирна. Околу 11 илјади мигранти, и натаму се во кампот, и тие не се расселуваат од грчките власти во блиските прифатни центри, во Кукуш, Поликастро и во Херсон.
-
Македонија 14.04.2016 10:40
Хан: Кризата може да се реши само политички, не со насилство
Кризата може да се реши само со политички средства, а не со насилство, порача на својот Твитер профил, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.










