Бугарскиот претседател Росен Плевнeлиев во телефонски разговор со претседателот на републиката Ѓорге Иванов изразил загриженост за случувањата во Скопје и надеж за намалување на тензиите.
Вести
-
Македонија 15.04.2016 12:14
-
Свет 15.04.2016 11:28
Одбиено барањето за импичмент на Дилма Русеф
Врховниот суд на Бразил синоќа го одби барањето на федералната владата за поништување на процедурата за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф.
За одбивање на владиниот предлог се изјаснија седум од десетте судии на Брховниот суд.
-
Свет 15.04.2016 11:26
Деветмина загинати од силниот земјотрес во Јапонија
Најмалку девет лица загинаа, а 950 се повредени во неколку потреси со интензитет од 6,5 степени според рихтеровата скала, кои го погодија југозападот на Јапонија.
-
Свет 15.04.2016 11:08
Сандерс и Клинтон со меѓусебни обвинувања на дебатата во Бруклин
Демократските кандидати за претседател на САД, Хилари Клинтон и Берни Сандерс разменија обвинувања во дебатата во Бруклин пред партиските избори во Њујорк.
-
Македонија 15.04.2016 10:55
Вељаноски ги распиша изборите на 5-ти јуни
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори што ќе се одржат на 5-ти јуни, соопшти собраниската прес-служба.
-
Македонија 15.04.2016 10:36
Керим ја претстави програмата во ООН
Истекува мандатот на Бан Ки Мун, се бара неговиот наследник на функцијата Генерален секретар на Обединетите Нации. Меѓу кандидатите е и македонскиот дипломат, Срѓан Керим.
-
Македонија 15.04.2016 10:26
Граѓани на улица против одлуката на Иванов
Незадоволни граѓани од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов вчера повторно на улица. Побараа негова оставка и замрзнување на процесот за одржување на изборите на 5-ти јуни.
-
Економија 15.04.2016 10:19
ММФ и Светска банка: Светската економија пред глобални предизвици
Светската економија ослабува. Се зголемува долгот особено на побогатите држави. Економскиот раст во Европа е слаб. Продолжува кризата во Грција, Русија, Бразил и Украина. Прогнозите на Светска банка е дека Македонија ќе има раст од 3,6 проценти во 2016-та.
-
Македонија 15.04.2016 10:10
Заштита на македонската традиционална храна
Тетовско гравче, осоговско сирење, охридски цреши. Македонија има специфични земјоделски производи и традиционални јадења од автентични суровини и региони.
Интересот за ваквата хранаво светот е зголемен поради подобрениот вкус, мирис, изглед и арома,наспроти ефтината храна на пазарите.
-
Македонија 15.04.2016 10:06
ВМРО-ДПМНЕ предлага Иванов да ја преиспита одлуката за помилување
ВМРО- ДПМНЕ излезе со официјален предлог до трите најголеми партии во кој предлага да побараат од претседателот Иванов да ја преиспита својата одлука за аболиција.










