Сончевото стабилно и суво време продолжува и утре со максимална температура до 26 степени.
Во сабота ќе биде уште потопло, а во недела е можно локално наоблачување кое ќе услови благо опаѓање на температурите во однос на сабота.
Сончевото стабилно и суво време продолжува и утре со максимална температура до 26 степени.
Во сабота ќе биде уште потопло, а во недела е можно локално наоблачување кое ќе услови благо опаѓање на температурите во однос на сабота.
Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија Соња Ѓелова-Стојанова и претседателот на Естонската ревизорска асоцијација Мерт Мартин Аренгу денеска во Талин, Република Естонија, потпишаа Меморандум за соработка.
По вонреден инспекциски надзор во Државната изборна комисија за објавувањето на личните податоци од избирачкиот список на нејзината интернет страница, Дирекцијата за заштита на личните податоци донесе две привремени решенија.
Најмалку десет луѓе загинаа, а над 150 се водат како исчезнати кога се урна мост во индискиот град Калкута во област каде што има густ сообраќај.
Нова чешка донација за македонската полиција од 25 возила во износ од 740 илјади евра. Ќе се користат на границата за поефикасно справување со бегалската криза.
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски ги посети припадниците на Армијата, кои и асистираат на полицијата, задолжена за безбедноста на градницата.
Зоран Богатинов известува од јужната граница.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во Драч учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан.
Уште еден неуспешен обид на Комисијата за политички систем да расправа за 6-месечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство. Јанева не дојде во Собранието, бидејќи како што вели, законот не ја обврзува лично да го презентира писмениот извештај.
Хашкиот трибунал прогласи дека лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ не е виновен за злосторства против човештвото. Доказите покажале дека соработката со Слободан Милошевиќ била околу тоа да се бранат србите или да се зачува Југославија, а не да се извршуваат злосторства.
Најмалку петмина терористи осомничени за соработка со Ал Каеда се убиени во престрелка со пакистанската полиција во градот Лахоре.