Српскиот ултранационалист Воислав Шешељ, кому хашкиот трибунал за поранешна Југославија утре треба да му изрече пресуда за воени злосторства, одбива да се појави на седницата на Судскиот совет во холандската престолнина.
Вести
-
Свет 30.03.2016 17:20
-
Култура 30.03.2016 17:07
Заврши проектот „Ѕвезди на светската книжевност“
Промовиран и последните 38 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Заврши проектот кој е најкомплексен зафат во историјата на македонската литература и издаваштво – оценува министерката Канческа. За четири години се промовирале 560 дела од светската литература.
-
Македонија 30.03.2016 16:47
Здравство: Лани нереализирани 433.785 термини за преглед
434.000 пацинети закажувале здравствени прегледи, а потоа не оделе на лекар. Меѓу нив рекордер е 60-годишен струмичанец. Од Министерството за здравство апелираат граѓаните навреме да го откажат прегледот ако не планираат да одат.
-
Економија 30.03.2016 16:43
„Амфенол“ ќе отвори трета фабрика во Кочани, бројот на работници ќе достигне 1.300
Американската автомобилска компанија „Амфенол“ ќе отвори нова, трета по ред фабрика во Кочани, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Во гринфилд инвестицијата до крајот на годинава ќе се вработат 550 луѓе. Вкупниот број работници во трите фабрики треба достигне 1.300.
-
Македонија 30.03.2016 16:34
Јанева се појави пред Советот, „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“ нема да ѝ бидат предадени
Советот на јавни обвинители нема да ги предаде предметите „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“, на Специјалното јавно обвинителство. Јанева кратко присуствуваше на седницата на Советот, а во изјавата за медиумите рече дека има надлежност да постапува по предметите.
-
Македонија 30.03.2016 16:22
Расте бројот на интернет пратките, се подобрува квалитетот на услугите
Облека, обувки, технички апарати, опрема за домаќинство, се само дел од работите што се нарачуваат преку интернет и стигнувааат во „Македонска пошта“ за достава.
-
Македонија 30.03.2016 15:38
Истекува рокот за легализација на дивоградбите
Педесет илјади нови барања за легализација на дивоградби биле доставени во пролонгираниот рок. Надлежните апелираат да се искористи преостанатото време. Пред крајот на последниот рок, голем број грашани ги добија решенијата.
-
Македонија 30.03.2016 15:30
СЈО отвори нов предмет „Тврдина“
„Тврдина“ е новиот предмет за кој Специјалното обвинителство отвора истрага. Осомничени се тројца началници од УБК и оперативна техника, поранешен министер за внатрешни работи и вработена во МВР како технички документарист.
-
Македонија 30.03.2016 15:11
„Не постои Македонија надвор од Грција“: Нови провокации од Атина и нови забрани за влез на Македонци
Македонија била една и грчка и не постоела надвор од Грција, се вели во провокативното соопштение на грчката министерка за Македонија и Тракија, Марија Колиас Царуха од Независни Грци.
-
Економија 30.03.2016 15:09
Раст на индустриското производство за 15,2 проценти во февруари
Индустриското производство во февруари е зголемено за 15,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.










