Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде промовирана монографијата „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“.
На промоцијата е најавено присуство и обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде промовирана монографијата „АРМ - 12 години амбасадор на мирот“.
На промоцијата е најавено присуство и обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Мигрантската криза е предизвик за Македонија. Европа треба да го реши проблемот, вели министерот за Европа Дејвид Лидингтон. Според него, претстојните избори во земјава се можност за лекување на раните од политичката криза.
Продажбата на автомобили во Европа во февруари е зголемена за 14,3 насто во однос на истиот месец лани, а во Италија дури за една четвртина.
Поради свлечиште на патниот правец А-три, обиколница Битола-Ресен, патот е се уште во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку Битола, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Бегалската криза во Европа ќе трае подолго, предвидува новоназначениот Висок Комесар за бегалци на Обединетите нации, Филипо Гранди. Сирија ја напуштиле околу 12 милиони луѓе, што е половина од населението на оваа држава.
Млекопроизводителите можат да поднесуваат барања за субвенции за произведено и за предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од октомври до декември 2015 година.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари за литар.
Шефовите на држави и влади на земјите-членки на Европската Унија, денеска и утре во Брисел ќе одржат Самит посветен на бегалската криза.
„Имам дадено три пати изјава. Сѐ што имам кажано е извртено против мене“. Вака ја почна својата изјава пред Врховните судии Здравко Србаковски, обвинет на доживотен затвор поради двократното убиство во Вевчани.
Претседателот ќе може да помилува за сите кривични дела. Уставниот суд ги укина измените на законот за помилување со кои од 2009-та наваму, на шефот на државата му беше скратено правото да помилува обвинети или осудени лица за изборни измами, педофилија, шверц на дрога.
Државата ќе инвестира над милион евра во изградба на нови патишта во Крива Паланка. Почна да се гради локалниот пат до манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, како и патот во село Жидилово. Според премиерот за спроведување на изборите, Димитриев, со ова ќе им се олесни животот на граѓаните.