Според анкетата на Институтот „Павел Шатев“, 37,9 насто од испитаниците се изјасниле дека на парламентарните избори на 5-ти јуни ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,1 процент за СДСМ. Речиси 30 насто одговориле дека нема да гласаат за ниедна партија.
Вести
-
Македонија 18.03.2016 11:50
-
Свет 18.03.2016 11:41
Северна Кореја лансираше нова балистичка ракета
Северна Кореја лансираше балистичка ракета во морето кај источниот брег, само неколку дена откако лидерот на земјата Ким Јонг Ун нареди натамошни проби на нуклеарни боеви глави и ракети, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.
-
Свет 18.03.2016 11:38
САД не ја признаваат федерацијата на Курдите во Сирија
Стејт Департментот соопшти дека не ја признава автономијата што ја објавија вчера сириските Курди, прогласувајќи Северен федерален регион.
-
Македонија 18.03.2016 11:19
Не е издадена ниту една нова потврда за барање азил
Во изминатите 24 часа, не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
-
Македонија 18.03.2016 11:06
Финансиската полиција уапси струмички бизнисмен и вработена на бензиска пумпа
Во акција на Финансиската полиција се уапсени струмички бизнисмен и вработена на бензинска пумпа.
-
Свет 18.03.2016 10:17
САД: ИДИЛ извршува геноцид
Соединетите Американски Држави официјално ги обвинија припадниците на Исламската држава на Ирак и Левант за извршување геноцид врз христијаните и муслиманите Шиити.
-
Македонија 18.03.2016 10:13
Субвенции за овоштарство
Корисници на субвенциите во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насади од минимум 0,2 хектари подигнати до пролетта 2015 година.
-
Македонија 18.03.2016 10:00
Државниот секретар на Ватикан во посета на Македонија
Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин е во Македонија. Ќе биде гостин на бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов во Скопската бискупија. Во тек е средбата со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев. Ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов.
-
Македонија 17.03.2016 16:38
ДИК: Информациите за резултатите од вкрстените податоци се шпекулација
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека ги смета за шпекулации сите информации во медиумите во врска со наводни резултати од вкрстените проверки.
-
Македонија 17.03.2016 16:36
Ќе продолжи изградбата на социјални станови за ранливите категории
Ќе се градат нови социјални станови. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски рече дека наскоро ќе ги има во Гостивар, а од почетокот на следната година и во четири други градови низ земјава.










