Агрегати, кревети, вреќи за спиење, ќебиња- тоа е само дел од помошта што Американската армија му ја донираше на Црвениот крст. Опремата вредна 300 илјади долари ќе се користи за поефикасно справување со предизвиците поради постојаниот наплив на мигрантите.
Вести
-
Македонија 12.02.2016 15:01
-
Македонија 12.02.2016 14:29
Потпишана Повелба за етичко известување за време на избори
Комерцијалните медиуми потпишаа повелба за етичко известување од митинзите и активностите на политичките партии за време на претстојните избори.
-
Македонија 12.02.2016 14:10
Анкета: 50 проценти од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева
50 насто од граѓаните немаат доверба во Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева. 32,4 проценти го мислат спротивното, покажува теренската анкета на „Брима Галуп“, направена по барање на неделникот „Република“.
-
Македонија 12.02.2016 14:07
ФЗОМ: Граѓаните да си ги подигнат електронските здравствени картички
Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички (ЕЗК) во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање
-
Економија 12.02.2016 14:01
Раст на бројот на туристи во 2015-та за 10,9%
Бројот на туристи во 2015-та година пораснал за 10,9% во споредба со претходната 2014-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 6,5%, а кај странските раст за 14,2%.
-
Македонија 12.02.2016 13:25
Бегалскиот бран не стивнува
Низ Транзитно-прифатниот бегалски центар на македонско-грчката граница, се зголемува бројот на децата од Сирија, Ирак и од Aвганистан, најверојатно поради спојувањето со семејствата во земјите на ЕУ.
-
Македонија 12.02.2016 13:22
Обучени и сертифицирани 1.000 градежници
Илјада градежни работници добија сертификати за напредни вештини во пет најбарани занимања.
Проектот „Билд- ап скилс“, Македонија го реализира како единствена земја надвор од Европската унија со користење средства од заедничките фондови.
-
Економија 12.02.2016 13:14
Финансиска поддршка за брзорастечки мали компании
По 615 илјади денари од државата ќе добиваат микро и малите претпријатија, кои ја имаат квалификацијата брзорастечки. Ќе добијат финансиска поддршка за отворање три работни места.
-
Македонија 12.02.2016 13:08
СЈО: „Титаник“ за изборни нерегуларности
Првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителство отвори истражна постапка е насловен „Титаник“ и е поврзан со изборите. Побаран е притвор за осум лица, соопшти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Едно лице е веќе приведено и изведено пред суд.
-
Македонија 12.02.2016 13:01
Курц- Попоски: Поддршка за справување со бегалската криза
Шефот на австриската дипломатија Себајстијан Курц денеска е во Скопје. Тој оствари работна средба со неговиот македонски колега Никола Попоски. На состанокот, Курц ја потврдил заложбата на Австрија да ѝ даде поддршка на Македонија во опрема и луѓе за да се справи со бегалската криза.










