Ќе соработуваат за да ги сочуваат правата на гласачите и политичките актери, непристрасно и без дискриминација- ова е дел од декларацијата која ја потпишаа пет невладини организации кои ќе ги следат изборите. Во нивниот мониторинг, пред и за време на изборите опфатени се неколку поглавја.
Вести
-
Македонија 11.02.2016 14:52
-
Македонија 11.02.2016 14:34
Расте бројот на заболени од грип
Минатата недела, 3.100 граѓани со симптоми на грип се јавиле на лекар - покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. На удар возрасната група од 15 до 64 години.
-
Економија 11.02.2016 14:31
15% од компаниите не исплатиле регрес за годишен одмор
Петнаесет проценти од газдите не ја исполниле законската обврска и на работниците не им исплатиле К-15 , регрес за годишен одмор за лани . За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат К-15 или бараат да се врати исплатеното кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година.
-
Македонија 11.02.2016 13:26
Нормализиран сообраќајот на автопатот Гевгелија - ГП Богородица
Од 12 часот денеска нормализиран е сообраќајот на автопатот Гевгелија - граничен премин Богородица и обратно, кај бензинската пумпа „Шимов“, соопшти АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 10 часот изутрината поради блокада поставена од такси и автобуски превозници.
-
Македонија 11.02.2016 13:16
Нема договор за заеднички превоз на мигранти од Македонија
Во врска со написите во одредени македонски медиуми за заеднички превоз на мигранти од Македонија до Австрија, Словенечката амбасада соопшти дека на состанокот на директорите на полициите на земјите од регионот до таков договор не дошло.
-
Македонија 11.02.2016 13:14
СДСМ најави интерпелација за претседателката на Комисијата за образование и наука
Пратеничката група на СДСМ ќе покрене интерпелација за работата на претседателката на Комисија за образование и наука Олга Најденовска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 11.02.2016 13:11
Случај „Дива населба“: Одбраната тврди- не се работи за тероризам
Судскиот процес против 29-мината обвинети за настаните во кумановската населба „Тоде Мендол“, продолжи денеска под силно полициско обезбедување.
-
Македонија 11.02.2016 13:00
Украдени пловидбени знаци од Охридското Езеро
Засега непознати сторители ги украле пловидбените знаци од охридското езеро на потегот од селото Љубаништа до струшкото село Радожда.
-
Свет 11.02.2016 12:54
Во Минхен обид да се најде решение за сириската криза
Министрите за надворешни работи на седумнаесет земји членки и триесет шефови на држави и домаќините, државниот секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Лавров, од денеска во наредните три дена, во Минхен ќе се обидат да најдат решение за кризата во Сирија.
-
Економија 11.02.2016 12:13
Исплатени субвенциите за електрична енергија
Министерството за труд и социјална политика ги информира корисниците на субвенции за електрична енергија дека е исплатено субвенционирањето за електрична енергија за месец декември 2015 година.










