Сѐ поголем број Македонци тргуваат преку интернет. Расте бројот на он- лајн купувачи. Според податоците на Народната банка за платежни картички, лани над милион трансакции преку интернет, за 33,6 насто повеќе од 2014- тата. Потрошени 18,4 милиони евра.
Вести
-
Економија 03.02.2016 16:40
-
Македонија 03.02.2016 16:37
Пуштена во употреба нова амбуланта во Миладиновци
Нова амбуланта во населеното место Миладиновци е пуштена денеска во употреба во присуство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров.
-
Македонија 03.02.2016 16:27
Поднесени речиси 1.000 амандмани против новиот универзитет „Дамјан Груев“
Опозицијата поднела безмалку 1.000 амандмани до Комисијата за образование. Во Собранието контра ставови околу формирањето на новиот универзитет „Дамјан Груев“.
-
Свет 03.02.2016 15:52
Потврдени два случаи на вирусот Зика во Ирска
Во Ирска се потврдени два случаја на зараза со вирусот Зика, соопштија здравствените власти. Инфицирани се маж и постара жена, и двајцата се опоравуваат од вирусот, јави Би-Би-Си.
Тие патувале во држави каде постојат случаи на зараза.
-
Македонија 03.02.2016 15:21
Метео: Утре облачно и постудено време
Утре во Македонија ќе преовладува облачно и постудено време со врнежи од дожд и од снег на планините.
Ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови значителен пад на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 03.02.2016 15:20
Стандардизирана регистрација на мигранти долж транзитната рута
Задолжително издавање унифициран и стандарден документ за регистрација за полесен увид на лицата што се движат по транзитната рута. Оние кои немаат документи или поседуваат лажни, нема да им се дозволи транзит.
-
Економија 03.02.2016 14:54
Обуки: Лицата со инвалидност полесно до работа
Лицата со инвалидност ќе се едуцираат за занимања барани на пазарот на труд. Објавен е повик за четримесечна обука. Кандидатите три месеци ќе учат, еден месец ќе имаaт практика. Додека се едуцираат ќе добиваат 8.000 денари, а центрите за обука ќе добиваат 30.000 денари.
-
Култура 03.02.2016 13:41
Графики на Пикасо во галеријата на МКЦ
Дел од творештвото на големиот Пикасо, ќе биде изложено во Младинскиот културен центар. 46 графички дела, факсимили на цртежи, литографии и гравури македонската јавност ќе има можност да ги види од 19-ти февруари до 16-ти март. Влезот ќе биде слободен.
-
Свет 03.02.2016 13:38
Јункер: Предлогот за реформирање на односите на Британија и ЕУ е правилен
Предлогот за реформирање на односите на Велика Британија со Европската унија е правилен и Европскиот парламент (ЕП) мора да го поддржи, нагласи денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер пред европските претставници во Стразбур.
-
Македонија 03.02.2016 13:36
Нови автобуски постојки на булеварите „Партизански одреди“ и „Јане Сандански“
Градот Скопје и ЈСП ги продолжуваат активностите за замена на старите и поставување на нови модерни автобуски постојки. Изминатиов период почна поставувањето на нови автобуски постојки по должината на трасите на булеварите „Јане Сандански“, „Партизански одреди“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.










