Битола во сабота повторно станува центар на филмската уметност, стартува 47. Издание на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. Ќе трае до 25-ти септември.
-
Култура 18.09.2026 12:18
-
Култура 18.09.2026 12:04
„AWAKE“ на Шејла Камериќ вечерва во Музејот на современа уметност
Музејот на современа уметност во Скопје вечерва ќе биде домаќин на инсталацијата „AWAKE“ на меѓународно признатата уметница Шејла Камериќ. Проектот се реализира во рамки на програмата на КРИК – фестивалот за критичка култура, во организација на „Контрапункт“.
-
Култура 18.09.2026 11:03
Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји
Од денеска до 26 септември ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот.
-
Култура 17.09.2026 20:23
„Пресек“ на Ирена Паскали во Чифте амам
Во Чифте амам утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Пресек“ на мултимедијалната уметница Ирена Паскали, со која се одбележуваат 30 години од нејзиното уметничко дејствување.
-
Култура 17.09.2026 18:04
„Федра – Антропологија на една желба“ премиерно во Драмски театар
Драмски театар Скопје на 19 септември во 20 часот премиерно ќе го изведе „Федра – Антропологија на една желба“, театарски диптих во режија на Дино Мустафиќ, кој во една вечер ги соочува „Федра“ на Жан Расин и „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн.
-
Култура 17.09.2026 12:02
Македонската филхармонија со концерт на „Денови на македонската музика“
Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва од 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“. Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, како солистка ќе настапи мецосопранистката Сара Јанева.
-
Култура 16.09.2026 12:22
„Дијалог на форми“ – изложба на македонски уметници во Софија
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија денеска ќе биде отворена ликовната изложба „Дијалог на форми“, која ги обединува делата на значајни имиња од македонскиот ликовен живот.
-
Култура 16.09.2026 07:09
Објавен е конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици за 2026/2027 година
Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од автори од Република Северна Македонија на странски јазици за 2026/2027 година.
-
Култура 15.09.2026 14:34
Продолжен рокот за пријавување на независни експерти за „Скопје 2028“
Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ го продолжи за 15 дена рокот за доставување апликации на Јавниот повик за независни национални и меѓународни експерти за евалуација на проектни предлози. Крајниот рок за пријавување е 2 октомври 2026 година.
-
Култура 15.09.2026 09:13
Концерт на младите оперски надежи во НОБ
На големата сцена во НУ Национална опера и балет вечер ќе биде одржан традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“.









