Националната установа Музеј на македонската борба за самостојност вечерва ќе одбележи 15 години од основањето со ретроспективна изложба на плакати од досегашните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози.
-
Култура 03.09.2026 09:16
-
Култура 02.09.2026 20:53
Атанас Ботев со изложба „Спасување на сведоштвото“ во Хрватска
Македонскиот уметник Атанас Ботев на 4 септември во Галеријата „Фонтикус“ во Грожњан, Хрватска, ќе ја претстави изложбата „Спасување на сведоштвото“, која се надоврзува на неговиот проект „Град“, започнат во 2012 година.
-
Култура 02.09.2026 20:03
47. Издание на фестивалот за филм „Браќа Манаки“
„Ткајачи на филм“ е тематиката за визуелниот идентитет на 47–то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ги носи најголемите светските филмски остварувања во Битола.
-
Култура 02.09.2026 09:38
„Најдоброто од Македонија“ вечерва на голем концерт во Скопје
Скопје вечерва ќе биде домаќин на музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“, со кој продолжува одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата.
-
Култура 01.09.2026 20:49
„35 години – 35 предмети – 35 приказни“ во Археолошкиот музеј
Националниот археолошки музеј по повод 35 години од независноста на Република Македонија, на 8 септември организира посебен музејски настан „35 години – 35 предмети – 35 приказни“.
-
Култура 01.09.2026 19:25
„Црно злато“ – нова претстава на МНТ со потписот на Дејан Дуковски и Слободан Унковски
Пробите за новата претстава „Црно злато“ започнаа денеска во Македонскиот народен театар. Претставата е по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, кој по подолг период повторно се враќа на големата сцена на МНТ.
-
Култура 01.09.2026 14:10
Хосе Карерас вечерва на Плоштад Македонија на голем концерт по повод 35 години независност
Скопје вечерва ќе биде домаќин на големиот концерт по повод 35 години независност на Македонија. На Плоштад Македонија од 20 часот ќе настапи легендарниот тенор Хосе Карерас, придружуван од Македонската филхармонија и диригентот Дејвид Хименез.
-
Култура 31.08.2026 20:52
Хозе Карерас и македонските музички ѕвезди утре во Скопје на голем спектакл по повод 35 години независност
Светски познатиот шпански тенор Хозе Карерас утре ќе настапи на Плоштад Македонија во Скопје, заедно со Македонската филхармонија и дел од најпознатите македонски музички и оперски имиња. Концертот е дел од одбележувањето на 35 години независност и ќе биде бесплатен за сите граѓани.
-
Култура 29.08.2026 19:16
Единствената мозаична икона изложена во Охрид
Единствената сочувана мозаична икона во земјава „Исус Христос на престол“ од XIV век, од овој месец ја збогати постојаната поставка на Галеријата на икони во Охрид. Станува збор за редок пример на византиската уметност, какви што денес има само во неколку светски музеи.
-
Култура 29.08.2026 11:39
Филмот „17“ освои „Златна мимоза“ за режија во Херцег Нови
Македонскиот филм „17“ на Косара Митиќ продолжува со награди на регионалните фестивали. На 39. Филмски фестивал во Херцег Нови, Митиќ ја освои „Златната мимоза“ за најдобра режија, награда што годинава ја подели со Горан Станковиќ за филмот „Оче наш“.










