11. издание на МФФ Киненова свечено се отвора вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ со филмот „3 недели подоцна“ на Мирослав Терзиќ. Станува збор за истакнат српски филмски режисер и сценарист, препознатлив по своите длабоки социјални и политички драми кои обработуваат тешки општествени теми.
-
Култура 14.10.2026 09:33
-
Култура 13.10.2026 20:28
Домот на Ранко Струмениковски пет години живее како галерија и музеј
Од семејна куќа до музеј. Поранешниот дом на ликовниот уметник Ранко Струмениковски веќе пет години функционира како галерија, музеј и графичко ателје. Струмениковски бил истакнат македонски ликовен уметник и прв графичар во Битола.
-
Култура 11.10.2026 12:06
Битола го чува споменот на големиот револуционер Стефан Наумов
Документи и предмети што го следат животот и делото на македонскиот револуционер Стефан Наумов од неговото најрано детство. Фотографии тесно поврзани со неговото семејство. Ова е само дел од она што посетителите може да го видат во меморијалниот музеј и спомен-куќа „Стив Наумов“ во Битола.
-
Култура 09.10.2026 20:46
Изложба „20 години архива на независна културна сцена“ од Наташа Гелева-Лени
На 14 октомври во 20 часот ќе биде отворена изложбата во Културно-информативниот Центар (КИЦ) каде што ќе може да се види дел од селекцијата вметната во монографијата „20 години архива на независна културна сцена“ во издание на „Илика“.
-
Култура 08.10.2026 19:48
Ен Карсон ја доби Нобеловата награда за литература за 2026 година
Канадската поетеса и писателка Ен Карсон е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2026 година. Шведската академија ја награди за нејзиниот „смел и инвентивен опус“ кој, во дијалог со класичната традиција, создава нови форми во современата литература.
-
Култура 08.10.2026 16:43
„Пинокио“ од Битолскиот театар гостува во Штип и Скопје
Претставата „Пинокио“ на НУ Народен театар Битола денеска гостува на 14. фестивал за деца и млади „Малиот Принц“ во Штип. Претставата ќе биде изведена во два термини на сцената на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“.
-
Култура 08.10.2026 10:55
Весна Мојсова-Чепишевска со прва книга за деца – „ИНА“
Ина е главниот лик во првата книга за деца на Весна Мојсова-Чепишевска. Во издание на „Светулка“, наскоро ќе биде објавена „ИНА“, со илустрации на Иванка НиБа. Книгата носи приказна за прифаќањето, достоинството и правото на секое дете на сопствен глас.
-
Култура 07.10.2026 16:29
Премиера на „Животинска фарма“ во прилепскиот театар
Прилепскиот театар понуди оригинална и уникатна премиера на најпоставуваното дело на Џорџ Орвел – „Животинска фарма“. Претставата доби ново, возвишено ниво – наместо животните во фармата да се трудат да изградат ветерница, тие сакаат нов театар.
-
Култура 07.10.2026 10:23
Македонската книжевност со „Читај во 7/8“ на Саемот на книгата во Франкфурт
Македонската книжевност ќе биде претставена на 78. Саем на книгата во Франкфурт, кој од 7 до 11 октомври ги собира издавачите, авторите, литературните агенти, преведувачите и професионалците од книжевниот и креативниот сектор од целиот свет.
-
Култура 06.10.2026 20:45
Концертна вечер со Јаков Ангелов и Арда Мустафаоглу во Истанбул
Со концертна вечер којашто ќе ги обедини македонската музичка традиција и европскиот класичен репертоар, Македонскиот културен центар во Истанбул ја продолжува својата соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.










